Трамп тврди дека има докази дека вирусот настанал во лабораторија, ќе бара од Кина 160 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека ги има видено доказите дека коронавирусот потекнал од лабораторија во Вухан, но не може да открие детали за истите. Тој изјави дека од Кина ќе побара сметка во висина од 160 милијарди долари.

Како што пренесува „Скај њуз“, Трамп на конференцијата за новинари во Белата куќа, изјави дека не може да открие зошто е убеден дека вирусот настанал во Институтот за вирологија во Вухан. На прашањето на новинарите дали видел нешто што до толкава мерка го убедило дека вирусот настанал во тој институт, Трамп одговори потврдно.

„Не можам да ви откријам за што станува збор. Не ми е дозволено“, изјави Трамп пред новинарите.

Тој оценил дека Кина не можела да го запре ширењето на коронавирусот, но дозволила истиот да се прошири. Трамп одбил да одговори на прашањето дали смета дека кинескиот претседател Си Џинпинг, е одговорен за тоа што тој го смета, погрешно информирање.

„Вирусот можеше да биде брзо спречен и да не се прошири низ целиот свет. Бевме сведоци на непотребна смрт. Изгледа дека некој одлучил да не ја спречи пандемијата и сега целиот свет пати поради тоа. Сеуште не утврдивме колку точно ќе изнесува сметката, но се работи за многу пари“, изјавил Трамп, кој процени дека пандемијата би чинела повеќе од 160,000 милијарди долари.

Тој изјави дека Кина ќе направи сè што е во негова моќ за да ги изгуби изборите во ноември.

Scroll to Top