Три полицајки се уапсени и затворени откога ги фатиле како имаат секс со затвореници

Џенифер Гаван (27), Ајшеа Ган (27) и Емили Вотсон (26) се уапсени затоа што имале секс со затвореници во најголемиот затвор Бервин во Британија. Биле интимни со затворениците во последните три години. Сега сите, целиот персонал мораат да минат обука за вакво нешто не се повтори.

Надлежните се надеваат дека преку обуката ќе се обидат да ја решат корупцијата во затворот кој може да прими 2100 затвореници. Гаван добила осум месеци затвор во декември минатата година, откако шверцувала мобилен за 25 годишниот затвореник Алекс Коксон.

На суд е објавено дека му испраќала фотографии преку „Снепчет“ и дека биле интимни во периодот од април до јули 2020 година. Гаван ја признала вината за недолично однесување во јавност откако прифатила 150 фунти да му прошверцува мобилен телефон.

Година дена претходно, нејзината колешка Ајша Ган имала афера со 29 годишниот Курам Разак, кој се смета за опасен затвореник. Отслужувал 12 годишна казна за грабеж.

Имале неколку телефонски повици, а откако полицијата ја пребарала нејзината соба, ја нашла неговата долна облека сокриена во нејзиниот градник. Ган е осудена на година дена затвор во 2019 година.

Нивната трета колешка Емили е осудена на година дена затвор затоа што имала секс со еден од затворениците во неговата ќелија. На колегите им станало сомнително што поминала доста време со затвореникот Џон Мек Гијем, па веднаш покренале истрага против неа.

Трипати биле сами во неговата ќелија, од кои два пати го задоволила орално, а еднаш имале секс. Тоа се случило за време на Божиќ. Во затворот е спроведена независна инспекција по која било утврдено дека со безбедносните системи сè било во најдобар ред.

Во Британија затворскиот персонал се проверува на секои 10 години, а често им се проверуваат и социјалните мрежи, особено оние кои се на ризични позиции како затворските чувари.

Исто така воведена е и подобрена заштита на влезот со цел да се помогне во борбата против криумчарење на какви било предмети за затворениците.

 

Scroll to Top