Цукенберг ќе се бори против лажните вести за вакцините

By

По неколку месеци разговори со челниците во Светската здравствена организација, основачот на најголемата социјална мрежа „Фејсбук“, Марк Цукенберг вети дека ќе ги насочи корисниците на точни и веродостојни информации за вакцините на повеќе јазици.

Светската здравствена организација минатата недела објавила дека ја поздравува одлуката на Цукенберг да почне да ги насочува корисниците на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, кон научно проверени факти, а не дезинформации.

По неколку месеци разговори со WHO, „Фејсбук“ своите корнисици ќе ги удостои со повеќе информации на повеќе јазици, на страницата на WHO, а ќе информации ќе се добиваат и од Обединетите Нации, за да се осигура дека виталните здравствени пораки, ќе стигнат до луѓето на кои најмногу им се потребни.

„Големите дигитални компании имаат одговорност кон своите корисници. Тие треба да ги осигураат информациите и фактите за вакцините и здравјето“, се вели во соопштението од Светската здравствена организација испратено до јавноста.

„Дезинформациите за вакцините можат да претставуват голема опасност за глобалното здравје, со што може да се дојде до целосен застој и блокада на децениски напредок во борбата против болестите кои можат да се спречат навремено“, се вели во соопштението.

Смртоносните заразни болести како што се осипот, дифтеријата, хепатитисот, колерата и жолтата грозница, можат да се спречат со вакцинацијата, велат од WHO.

Дезинформациите за вакцините се голема опасност за глобалното здравје. „Фејсбук“ преку соопштение потврди дека почнува да бара дополнитлени начини за да ги поврзе луѓето со меродавни информации за вакцините на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

„Фејсбук“ во изјавата потврдил дека ќе почне да бара дополнителни начини за да ги поврзе луѓето со меродавни информации за вакцините на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Од таму велат дека ќе бидат отфрлени какви било реклами кои вклучуваат дезинформации за вакцините. WHO вели дека вакцинирањето е едно од најголемите и најмоќни достигнувања во историјата на јавното здравје и се проценува дека вакцините спасуваат најмалку два милиони животи секоја година во светот.

Но, дезинформациите за вакцините во последните година дена се проширија на социјалните мрежи во многу земји, вклучително во текот на големите кампањи, спречувајќи ја детската парализа во Пакистан и имунизацијата против жолтата грозница во Јужна Америка.

 

 

Ќе ви се допадне