„Твитер“ го активираше планот „отровна пилула“ за одбрана од Илон Маск

Управниот одбор во компанијата на „Твитер“ го објавија планот со кој велат ќе можат да се одбранат од можно непријателско преземање, од страна на Илон Маск.

Основачот на „Тесла“, неодамна понуди да ја купи компанијата за 43 милијарди долари велејќи дека во сегашната форма таа не може да напрадува и дека треба да се трансофрмира во приватна фирма.

Од компаниајта пак сега велат дека со таканаречениот план „отровна пилула“ ќе им се овозможи на постојните акционери, со исклучок на Маск, да купат дополнителни акции по намалена цена.

На тој начин би се намалил уделот на Маск во компанијата и би му се отежнало да обезбеди мнозинство акционери да гласаат во полза на преземањето.

„‘Отровна пилула‘ е последната линија на одбраната од обид за непријателско преземање. Ние ја нарекуваме нуклеарна опција. Управниот одбор јасно порача дека понудата на Маск не е доволно висока за вредноста на компанијата“, рече економскиот аналитичар Џош Вајт.

Од управниот одбор на компанијата велат дека со планот ќе почнат откако уделот на Маск ќе порасне од сегашните 9,2% на 15%. Шефот на „Тесла“ неодамна стана најголемиот акционер во „Твитер“, но одби да влезе во управниот одбор.

Тој рече дека неговата понуда е конечна, а потоа призна дека не е сигурен дали ќе успее да го преземе „Твитер“, Сепак додаде дека нема да се предаде и дека има уште една опција и план за превземање на компанијата.

Scroll to Top