Уапсен тинејџер кој планирал да го убие Џо Бајден

By

Уапсен е тинејџер кој планирал да го убие демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, пренесуваат светските медиуми. Тинејџерот бил уапсен во мај, во Северна Каролина. Тој според записниците на судот, планирал да изврши атентат врз Бајден.

Во документите објавени во четвртокот, е наведено дека истрагата покажала дека 19. годишниот Александер Хилел Трисман, ја пребарувал на интернет домашната адреса на Бајден, како и дека бил во ресторанот оддалечен неколку километри од домот на поранешниот потпретседател.

Тој исто така направил листа на која се споменува името на Бајден, а која се завршува со зборот убие. Во неговото комбе било најдено оружје, експлозив, неколку возачки дозволи, стотина илјади долари во кеш, како и книга со инструкции за тоа како да се направи бомба.

 Полицијата соопштила дека во компјутерот на осомничениот била пронајдена и детска порнографија, како и преписки во „чет рум“ со други корисници, каде наводно говорел дека планира да го убие Бајден.
Тинејџерот во моментов се наоѓа во притвор и се соочува со обвинувања за детска порнографија, а како што наведува „Раша тудеј“, против него се собираат докази во врска со случајот со Бајден.

 

 

Ќе ви се допадне