Убиени четири сведоци кои ги истражувале Клинтонови за силување деца

Линда Колинс Смит, поранешна сенаторка од американската сојузна држава Арканзас, е последната угледна личност од американскиот политички живот која е убиена затоа што го истражувала синџирот на педофилија кој водел до владата на САД, а пред сè поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари.

Низата мистериозни убиства почнала во јуни, а жртвите официјално се вклучени во истрагата на монструозниот педофилски синџир кој водел сè до самиот политички врв на Вашингтон.

Колинс Смит е застрелана на 4 јуни во својата куќа во Покахонтас, само неколку часа пред да ги објави чувствителните податоци од синџирот на трговија со деца, случај што го води владата на Арканзас, државата во која Клинтонови ја почнале својата политичка кариера и со која до ден денес владеат.

Таа утврдила дека тој синџир го води судија од Арканзас по веќе усовршена шема. Луѓето од Одделението за социјална служба (Department of Human Services) ги земаат децата од сиромашни родители и ги продаваат на богати педофили, пишува CD media. Наводно Линда сакала да сведочи и против Хилари Клинтон.

„Судијата Харолд Ервин издал наредба да се запечатат сите документи и изјави до кои полицијата дошла во истрагата на нејзината смрт“, изјавил обвинителот Хенри Бојс, пренесува телевизијата KAIT 8. За нејзината смрт властите сега се обидуваат да ја обвинат нејзината пријателка Беки Лин Одонел, која би можела да стане нова жртва.

„Ова е само врвот на ледениот брег. Постојат многу случаи каде на родителите им се одземаат децата. Таа буквално е тргната од нормалниот живот“, вели Лусијан Гилам, еден од адвокатите на семејството Смит.

Само два дена подоцна, на 6 јуни, убиен е Џонатан Николс, поранешен републикански сенатор од Оклахома. Тој бил убиен во својот дом во Норман, Оклахома. Се верува дека овие два случаи се поврзани, затоа што и Николс го истражувал педофилскиот синџир и наводно имал информации за вмешаност на личности од политичкиот врв.

Истиот ден во Њујорк е најдено тело на високо полициско официјално лице, заменик-началникот на полицијата Стивен Силкс. Неговата смрт се води како самоубиство, но мотивот за него е многу сомнителен затоа што Силкс само два дена пред наводното самоубиство поднел барање за пензија.

Ден потоа најден е мртов и њујоршки полицаец кој работел на случајот на Силкс, Џозеф Калабрејзи. И тој наводно извршил самоубиство.

Се утврдило дека Силкс бил еден од двајцата истражители кои во 2016 година го воделе педофилскиот случај во кој е вмешан Ентони Вајнер, сопругот на десната рака на Хилари, Хум Абедин. За потсетување, тој заговара радикален ислам и пропагира шеријат, нешто за што пишувал весникот „Њујорк пост“.

Нејзиниот сопруг испратил фотографии од својот пенис на малолетно девојче (15), но судбината на тој лаптоп е чудна. Силкс наводно лично му го предал на ФБИ, од каде потоа сè се блокирало.

„Лаптопот е запленет од поранешен конгресмен кој содржи докази дека Хилари Клинтон знаела дека тој долго време бил вмешан во сексуални односи со деца, но не интервенирала“, известила тогаш медиумската организација Tru Pundit.

„Со тоа што не кажала, таа дозволила Вајнер преку интернет и мобилен телефон сексуално да искористи девојче уште во наредните четири месеци“, пренел Tru Pundit, повикувајќи се на извор од њујоршката полиција.

Наместо да ги спаси децата, Хилари, која тогаш била среде партиски избори за претседателски кандидат, ја советувала Абедин да го откачи Вајнер.

Многу слободни американски медиуми тогаш пишувале дека Хилари не го заташкала тој случај само поради лошиот публицитет на Вајнер, туку затоа што во тој лаптоп имало доволно докази за таа и Бил Клинтон да заработат доживотна робија.

Ова е листата на уапсени и осомничени педофили кои се поврзани со Клинтон:

Хилари Клинтон, која се фали дека е заговорник на правата на жените, ги оставила децата на милост на сексуален предатор само за таквиот случај да не влијае на нејзината кампања.

Scroll to Top