Убиството на Џими Хофа до ден денес останува мистерија

Убиството на Џими Хофа претседателот на синдикатот „Тимстерс“ на камионџиите или популарните „Тимстерси“ до ден денес останува мистерија. Досега не е познато дали Хофа поради неговата моќ и влијание е ликвидиран од страна на мафијата, неговите луѓе или тогашните американски власти.

Хофа ги претставувал камионџиите и илјадниците други работници. Тој станува претседател на синдикатот на камионџии во 1958 година и оттогаш неговата моќ се зголемува во САД. Хофа исчезнува во 1975 година. Има неколку теории за неговото исчезнување.

Последен пат е виден на 30 јули во ресторанот „Мачус Ред Фокс“ во близина на Блумфилд Тауншим во Мичиген. Следниот ден е пријавено неговото ичезнување, а седум години подоцна, во 1982 година, е прогласен за мртов. Покрај мафијата, Хофа влегол во конфликт и со Роберт Кенеди, тогаш млад адвокат.

Кенеди работел во одборот на Капитол Хил во Вашингтон. Во шеесетите години Кенеди ќе стане јавен правобранител и повторно ќе влезе во конфликт со Хофа, кој ќе биде уапсен во 1964 година, за подмитување на неколку члена во поротата. Претседателот Никсон во 1971 година, ќе ја промени казната, но ќе му забрани на Хофа да се занимава со синдикални активности.

Хофа ќе се обиде да ја оспори казната и да ја врати контролата на Тимстерите, па на 30 јули 1975 година, ќе се состане со неколку шефови на мафијата во ресторан недалеку од Детроит. Хофа ќе влезе во блиндиран автомобил, со кој требало да отиде на таен состанок, но од тој момент, тој повеќе не е виден.

Подоцна преку анонимен телефонски повик полицијата ќе открие каде можат да ја најдат колата. Хофа оцијално е прогласен за мртов на 30 јули 1982 година, кога требало да има 69 години, но неговите остатоци никогаш не биле пронајдени. Генерален претставник на Тимстерите ќе стане неговиот син Џејмс П. Хофа.

Исчезнувањето на Џими Хофа се случило во 1975 година, а случајот повторно се најде во центарот на јавноста со новиот филм на Мартин Скорсезе The Irishman.

Врската со мафијата и мистериозното ичезнување на Хофа се тема на филмот, а приказната настанала на основа на книгата I Heard You Paint Houses, на Ирецот Френк Ширан.

 

 

Scroll to Top