Украдена маската на Тутанкамон и продадена за 6 милиони долари на аукција во Лондон

Египет побарал од Интерпол да ја пронајде 3000 години старата маска од фараонот Тутанкамон, која и покрај негодувањата на Каир во Лондон, била продадена на аукција за речиси 6 милиони долари, велат официјални лица од властте во Египет.

Аукциската куќа „Кристи“ на 4. јули ја продала скулптурата висока 28.5 сантиметри на непознат купец за 5,9 милиони долари. Станува збор за една од најконтроверзните аукции на „Кристи“ во последните години.

За помалку од недела дена подоцна, од египетскиот Национален комитет за враќање на антиквитети NCAR, по итниот состанок, соопштиле дека египетското обвинителство побарало од Интерпол да издаде налог за пронаоѓање на маската, со образложение дека не била дадена потребната документација за нејзина продажба.

„Комитетот изразува длабоко незадоволство за непрофесионалното однесување кое овозможило продажба на египетските антиквитети, без собирање на докази за сопствеништво и документи кои докажуваат дека тие се илегално извезени од Египет“, е наведено во соопштението на Комитетот.

Египетскиот министер за антиквитети Халед ал-Енани, кој раководел со тоа тело, побарал од властите од Лондон да ја забранат продажбата на маската, додека египетските власти не ја добијат потребната документација на увид. Наведено е дека NCAR најмил британски адвокатски тим за покренување на граѓанска парница.

Засега се немаат изнесено со детали за целиот случај. Ставањето на Татункамоновата маска на аукција, предизвикал револт кај властите во Египет. Поранешниот министер за антиквитети Захи Хавас, изјавил дека маската е украдена од комплекс храмот во Карнака, северно од Луксор.

И Министерството на Египет за надворешни работи, од своите британски колеги и УНЕСКО побарале да ја спречат аукцијата. Но, таква интервенција може да се случи само кога е јасно утврдено дека начинот на кој продавачот стигнал до предметот е спорен.

Од аукциската куќа „Кристи“ велат дека Египет никогаш претходно не ја изразил загриженоста околу контроверзната маска, иако нејзиното постоење било познато, а и таа била јавно изложена.

Таа аукциска куќа објавила хронологија на промена на сопствеништвото над маската за време на последните 50 години и навела дека нема продадено ниту едно дело, без јасна потврда за сопствеништвото.

Scroll to Top