Украинците даваат 100.000 долари за да ја фатат челичната лејди на Путин

Дел од украинските агресори, нудат ѝ по 100.000 долари за да ја фатат поранешната обвинителка на Крим, Наталија Поклонска, пишуваат дел од медиумите.

Таа периодов беше во посета на Украина во Херонската област, каде рече дена националистите во земјата се заканувале дека ќе го убијат локалното наслеление и дека ќе им ги запалат домовите ако ја прифатат хуманитарната помош од Русија.

Наталија беше во посета на ова место за да донесе храна и лекови за цивилите. Уште во 2014 година таа застана на страната на руските сили, а сега во Украина дојде заедно со руската национална гарда.

Потекнува од Луганската област, но често зборува и за нејзините српски корени. Нејзините предци се преселиле од Влашкото кнежество во Словианосербск во Луганск.

„И Крим и Севастопол имаат исто значење за Русија, исто како што Косово и Метохија има за Србија. Тоа е душата на православието. Крштевањето на Русија се одржа во Херсонесос, Крим. Тоа е нашата земја и отсекогаш била руска. Многу луѓе загинаа тука. Слично беше и во Косово и Метохија. Беа уништени православните светилишта и стари манастири. Но, кога одржавме референдум на Крим, тоа беше право да се реализира волјата на автохтоните Кримјани, никој не ги исели од таму, додека некои други вештачки се населуваа“, рече Поклонска.

Во март 2014 година таа беше именувана за генерален обвинител на Автономната Република Крим и на таа позиција остана до есента 2016 година. Потоа беше избрана за пратеник во Државната дума на Русија, како член на партијата Единствена Русија.

00:00
/
00:24
Scroll to Top