(Видео) Ако откриеме астероид убиец во вселената ќе го викнеме Брус Вилис, вели Кетрин Хејманс, првата жена кралски астроном во Шкотска

Кетрин Хејманс, е позната астрофизичарка, која пред две недели стана првата жена кралски астроном во Шкотска. Таа е единствената жена која била на некои од кралските позиции на астрономи во Велика Британија.

Позната по изработката на првата голема мапа на Универзумот, таа ја спомна и опсетваторијата Вера Рубин во Чиле чија цел е да ги открива астероидите во Сончевиот систем.

Таа секогаш се шегува кога ќе слушне дека еден од тие астероиди се приближува кон Земјата и дека луѓето треба да бидат предупредени, да се подготват за голем удар.

„Ако утврдиме дека некои од астероидите убијци во вселената се на пат кон Земјата и ќе се удрат во неа, тогаш ќе го мобилизираме Брус Вилис“, вели Кетрин.

Таа вели дека сака да ја направи науката достапна за сите и дека, што се однесува до Универзумот човештвото има многу малку познавања за него.

„Ние не можеме да разбереме што е тоа што го сочинува 95% од нашиот Универзум. Тоа е епски неуспех што се однесува до науката“, вели Кетрин, која дополнува дека тоа што е забавно во нејзината професија е што постојано се бара одговор на некои од клучните прашања за нас.

„Од каде сме дојдени? Зошто сме тука? На каде одиме? Она што е забавно во оваа работа е поставувањето на прашања на кои никој не го знае одговорот. Треба да се слушнат различни гласови. Никогаш нема да го добиеме одговорот ако сè едни исти луѓе го бараат од иста култура и средина“, вели Кетрин.

Кетрин првпат погледнала низ телескоп, кога почнала да работи како туристички водич во Кралската опсерваторија во Единбург. Нејзината прва иницијатива е секое дете да добие пристап до вселената. Кетрин се надева дека ќе инсталира телескопи низ школите во Шкотска.

Scroll to Top