Рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен со шише вода во неговата хотелска соба во рускиот град Томск, а не на аеродромот како што претходно се мислеше, велат од неговиот тим, кој објавија и видеоснимка со докази на „Инстаграм“.
За потсетување, на Навални му се слоши во авион во Русија минатиот месец, а подоцна беше префрлен во болница во Берлин.
Од Фондот за борба против корупцијата тврдат дека шишето на кое е напишана германската лабораторија наводно открила отровна супстанција од гасот новичок било земено од собата во хотелот во Томск, каде што Навални престојувал.
„Тоа шише е од хотелот во Томск, каде што бил сместен Навални со целата наша снимателска група. Две недели подоцна, токму на тоа шише од хотелската соба во Томск, од германската лабораторија откриле траги од новичок“, е напишано на страницата на Навални на „Инстаграм“.
Од таму велат дека, откако соработниците на Фондот за борба против корупцијата дознале за хоспитализацијата на Навални, тие повикале адвокат, влегле во хотелската соба, која опозиционерот ја напуштил, и почнале да бележат и да ги пакуваат сите предмети што ги нашле, вклучувајќи го и шишето со вода.
Германската влада тврди дека Навални бил отруен со нервен гас од семејството новичок. Видеото што е објавено на профилот на „Инстаграм“ на Навални го покажува целиот негов тим како ја пребарува собата што претходно тој ја напуштил.
Навални заминал од хотелот „Ксандер“ во Томск на 20 август, еден час по дознавањето дека му се слошило под сомнителни околности.
Претходно, соработниците на Навални верувале дека тој е отруен со помош на чајот што го испил на аеродромот. Русија тврди дека нема докази оти Навални е отруен.
Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој неодамна бил префрлен во затвор надвор од Москва, тврди дека затворските чувари го мачат откако почнал да штрајкува со...
Во две ударни емисии телевизиската мрежа „Фокс њуз“ во четвртокот вечерта објави експлицитни фотографии и видеа од синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер,...
Уште повеќе болести, јаз меѓу богатите и сиромашните, климатски промени и конфликти меѓу земјите, е нешто што нѐ чека во наредниот период, е наведено во...