(Видео) Америка сака прва да дојде до вакцината против коронавирусот, Германија очајнички се обидува да ја спречи

Берлин се обидува по секоја цена да го спречи Вашингтон да дојде прв и да ја открие вакцината против коронавирусот. Властите во Германија се обидуваат да ги спречат американските колеги да убедат нивна германска фирма која работи на вакцината за коронавируот, да ги пресели своите истражувања во САД, пренесува „Ројтерс“.

Изворот од германската влада за „Ројтерс“ изјавил дека администрацијата на САД се обидува да најде начин како би можела да добие пристап до потенцијалните вакцини кои ги развива германската компанија CureVac.

Претходно германскиот дневник Velt am zontag, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ѝ понудил пари на германската компанија за да ја намами да премине во САД. Во истовреме и германската влада изнела противпонуда за да ја задржи компанијата во земјата.

„Германската влада е многу заинтересирана за да ја обезбеди вакцината и активната супстанца против коронавирусот, развивајќи ја во Германија и Европа“, изјавил портпаролот на германското Министерство за здравство, потврдувајќи го пишувањето на овој медиум.

„Во тој поглед владата е во интезивен контакт со компанијата CureVac“, додал тој.

Velt am zontag исто така цитирал неименуван извор од германската влада кој изјавил дека Трамп се обидува да стекне ексклузивно право над работата на научниците и дека ќе направи сè за да ја донесе вакцината во САД и тоа само за Соединетите Американски Држави.

Портпаролката на германското Министерство за економија исто така изавила дека официјален Берлин е многу заинтересиран вакцината да се произведе во Германија. Таа одбила да ги коментира наводите за можноста за превземање на компанијата, но се повикала на германскиот закон за надворешна трговија, според кој Германија има право да ја процени понудата за превземање од страна на субјект надвор од Европска Унија, таканаречени трти земји, ако се во прашање националните или интересите на Европската унија.

Американската амбасада досега не била на располагање за коментар на овој случај, пренесува „Ројтерс“. За коментар не биле достапни ниту од германската компанија Cure Vac.

Шефот на производството Cure Vac, Флоријан фон дер Мјелбе, изјавил минатата недела за „Ројтерс“ дека компанијата почнала да работи на бројни кандидати за вакцината против коронавирусот и дека сега е во процес на селекција на двете најдобри вакцини кои ќе влезат во процедура на клиничко испитување.

Оваа приватна компанија чие седиште е во Тибинген, се надева дека ќе има подготвена експриментална вакцина до јуни, кога ќе побара од регулаторните органи дозвола за тестирање на луѓе.

Претходно овој месец, на сајтот на компанијата било наведено дека нејзиниот извршен директор се состанал со Трамп, потпретседателот на САД Мајк Пенс и членовите на тим од Белата куќа за коронавирусот и високи претставници на фармацевската и биотехнолошката компанија за да разговараат за вакцината.

Карл Лојтербах, професор по здравствена економија и епидемиологија кој е член на Социјалдемократската партија, реагиран на „Твитер“.

„Ексклузивната продажба на евентуалната вакцина на Америка мора да се спречи на секаков начин. Капитализмот има граници“, напишал Карл.

Cure Vac во 2015 и 2018 година доби финансиска поддршка за развој на проектите од инвестиционите фондации Бил и Мелинда Гејтс, кога се работело на инекциите против маларија и грип.

Scroll to Top