(Видео) Американец гради бункери за сите кои сакаат да го преживеат крајот на светот

Американецот Лери Хол гради и продава бункери за сите оние кои сакаат да го преживеат крајот на светот. Бункерот кој го изградил во 2008 година, а кој го чинел 20 милиони долари, е сместен во Вичита Канзас. Местото е изградено за да собере 75 луѓе или околу 12 семејства во период од пет години.

Во него има базен, теретана, кино, парк за кучиња, стрелиште, библиотека, училница и маса за билјард. Има и пентхаусот од 200 квадратни метри, кој може да прими од шест до десет луѓе. Во него има голем LED телевизиски екран, со современа кујна, џакузи и симулиран прозорец со поглед  кон надвор.

Прозорецот е со различни нивоа на светлина и може да емитува одредени периоди од денот. Ѕидовите се дебели три метри и можат да издржат нуклеарен напад. Има три посебни електрични напони, три извори на вода, систем за филтрирање, аквафонични фарми и хидрофоничен систем за храна.

Според некои истражувања, дури 35% од Американците веруваат дека крајот на светот доаѓа брзо. Голем дел од нив бараат засолниште, а Лари рече дека некои од неговите засолништа биле распродадени уште пред да бидат завршени со изградбата. Со неговиот тим работат веќе на нов објект кој е трипато поголем од овој во Канзас.

Scroll to Top