Дејвид Фрејвор е еден од поранешните американски пилоти, кој тврди дека имал средба со НЛО. Тој вели дека во 2004 година, додека летал со својот авион, тој забележал мистериозно летало, кое почнало да дава знаци, како да се подготвува за војна.
Пензионираниот командант на ескадриалата, веќе со години тврди дека на 21. ноември, 2004 година, забележал чуден објект во облик на „тик-так“, кој почнал да изведува маневри какви што тој досега ги немал видено.
Иако Дејвид поминал 18 години во американската морнарица, тој вели дека не можел ни да претпостави што му се случило тој ден, за време на таа рутинска мисија покрај крајбрежјето на Калифорнија.
„Не сум луд, не бев ни пијан. Тоа не беше од овој свет. За 18 години имам видено, повеќе или помалце голем број работи во овој дел од земјата, но ова не беше ни приближно слично на она што досега го имам видено“, изјавил Дејвид.
Снимката од средбата е објавена во 2017 година, а Пентагон претходно оваа година, од него ја тргна ознаката доверливо. Во разговор со научникот Лекс Фридман, тој повторно се потсети на тој настан.
„Го видовме, а потоа брзо исчезна. Забележавме некаква светлина, која потоа исчезна. Гледавме јасно во тоа нешто. Сè се случи среде бел ден. Го видоа сите 4 истренирани набљудувачи. Секој пат кога некој ќе се обидеше да му се доближи, тоа забрзуваше“, изјавил Дејвид.
По слетувањето, Дејвид за НЛО му спомнал на еден од неговите колеги, Чед Андервуд. Тој на својот радар се обидел да утврди за што станува збор и се обидел да му влезе во трага. Дејвид тврди дека ако засметате во нечиј радар, тоа се смета за чин на војна.
Тој е убеден дека мистериозното летало изведувало маневри кои не се познати на технологијата каква што ја познаваме.
„Не сакам да зборувам за малите зелени вонземјани, но мислам дека ова не е нешто што ние сме го создале. Мислам дека некои работи може да се криеле подолго време, но од она што го видов јас, можам да кажам дека станува збор за огромен скок во технологијата“, изјавил Дејвид.