(Видео) Американски воени пилоти снимиле НЛО

Американски воени пилоти велат дека во 2014 и 2015 година за време на летечките мисии над источниот брег на САД забележале голем број непознати летечки објекти, пишува „Индепендент“.

Во текстот откриени се детали од извештајот што го поднеле пилотите, а кој досега не бил објавен во јавносt. Многу искусни пилоти сведочеле дека за време на летовите забележале мистериозни објекти кои успевале да постигнат брзина што е невозможно да се постигне со досегашната технологија.

Пилотите сведочеле дека споменатите летечки објекти изгледале како огромни бели тик-так бонбони, а на нив биле видливи мотори од кои излегувале издувни гасови. Леталата можеле да изведат маневри кои пилотите никогаш не би можеле да ги изведат, како ротирање во воздухот, забрзувања или забавувања во огромна брзина.

„Индепендент“ додава дека НЛО-објектите станале толку зачестени што американската морнарица одлучила да ги промени методите во извештаите за нив, со цел да открие од каде доаѓаат.

Пилотите првото НЛО го забележале кога се појавило на радарските системи. На почетокот сметале дека станува збор за дрон, но подоцна, како што е наведено во извештајот, почнале да ги забележуваат во живо.

Имало сведоштва во кои се вели дека еден од пилотите за малку ќе удрел во еден од таков летачки објект. Пилотот го опишал леталото како тркалезно, а внатрешноста имала форма на коцка. Пилотите мислеле дека станува збор за тајна воена програма. Забележани се и снимки од реакциите на пилотите.

„Што е ова? Види како лета? Овие работи би можеле да летаат по цел ден“, говореле некои од пилотите. Експертите сметаат дека мала е веројатноста да станува збор за вонземјани, но не ја отфрлаат ни таквата можност.

Сметаат дека првенствено станува збор за човечки фактор, поточно некои грешки во системот за следење поради интензивните летови.

Scroll to Top