(Видео) Астрономи тврдат дека виделе НЛО на небото над Украина

Украински астрономи тврдат дека забележале значителен број на неидентификувани летечки објекти НЛО на небото над Украина, пренесе IB Times.

Објектите кои американската војска формално ги нарекува неидентификувани воздушни феномени (UAP) се забележани со видеокамера дење. Забележани се во независна студија што ја спроведе главната астрономска опсерваторија на Националната академија на науките на Украина.

Научниците кои работеа на студијата наведоа дека за набљудувањето користени се двете метеорски станици во главниот град на Украина, Киев, и селото Винаривка.

Студијата под името „Неидентификувани воздушни феномени е објавена на онлајн на платформата на Универзитетската библиотека Корнел на 23 август. Објектите UAP летале соло, но и во групи и ескадрили.

Секој брод во студијата бил категоризиран или како космички или фантомски. Космиците се светлечки објекти кои го осветлувале задниот дел од леталото на небото и кои биле наречени по птиците како што се сокол или орел, објаснуваат истражувачите.

Во меѓувреме, фантомите се темни објекти со контраст од 50%. Астрономите насекаде набљудувале широк опсег на UAP, а нивната природа е нејасна, се вели во студијата која не наведува кога биле забележани истите.

Но, објектите кои биле забележани на небото над Украина може да биле и проектили, ракети или нешто слично поврзано со тековната руска инвазија, тврди весникот Vice.

САД долго време навестувале, шпекулирале и предупредувале дека некои објекти UAP може да се напредни системи на странски воени сили, како Кина и Русија, наведува весникот.

Американските авиони, како стратешкиот бомбардер B-2 Spirit, на компанијата Norhrop Grumman и извидничкиот млазен авион на компанијата Lochkeed SR-71 Blacbird, претходно биле помешани со НЛО, извести Business Insider.

Покрај авионите, исто така во минатото и дроновите биле пријавувани како НЛО. Украина и Русија користат илјадници дронови во војната која во моментов се одвива во Украина. Украина главно користи Bariaktar TB2 од турско производство, додека Русија го користи нивниот Orlan-10, наведува BBC.

Дроновите можат да се користат за бомбардирање на цели, но наводно биле најефикасни за двете страни во лоцирањето на непријателските цели и наведувањето на артилеријата на нив.

 

Scroll to Top