(Видео) Бел кит со руска камера на себе, откриен во водите на северна Норвешка

Руски бел кит со GoPro камера закачена на него е откриен во водите на северот на Норвешка. Норвешките служби велат дека неговата појава претставува голема мистерија и дека сè уште не им е познато од каде допливал.

Китот на себе имал камера на која пишувало „опрема Санкт Петербург“. Норвешките служби велат дека шансите дека станува збор за руски шпион и таен проект на Русите не се исклучени, но и дека ваквата теорија може да биде само плод на обична фантазија.

Службите велат дека белиот кит кој допливал во водите на северна Норвешка нема намера да си замине за брзо време. Тие веќе му го дале името Хвладимир, кој претставува комбинација од норвешките зборови hval (кит) и руското име Владимир, како што се вика и рускиот претседател Путин.

Белиот кит го добива целото внимание и потребната храна. Како никој да не го интересира тоа што досега никој не го пријавил неговото сопствеништво. Руските власти демантираат дека станува збор за нивен шпион, а врската со него ја отфрлаат и голем број научни институции во Русија кои се занимаваат со експериментите со животни.

Голем дел од овие институции навеле дека веќе со години тие не работат со китови.

Scroll to Top