(Видео) Бил Гејтс: Ќе мора да примите повеќе од една доза вакцина, од старите може и три

Милијардерот Бил Гејтс во интервју за CBC News изјави дека во моментот сите вакцини на кои се работи против коронавирусот нема да бидат доволни за зашита ако се земат во една доза. Тој објасни дека како што стојат сега работите, луѓето ќе мора повеќепати да се вакцинираат против Ковид-19.

На овој начин Гејтс предизвика нова паника во јавноста, но и иницира низа теории на заговор. Тој на почетокот на пандемијата велеше дека само се надева оти една доза вакцина ќе биде доволно за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Гејтс вели дека напорите за пронаоѓање вакцина против Ковид-19 се огромни на глобално ниво.

„Во овој момент се чини дека само една доза од вакцините што се прават нема да биде доволно за заштита на населението. Тоа можеби така се мислеше на почетокот. Можеби вакцините што во иднина ќе се создадат позитивно ќе нè изненадат“, изјавил Гејтс.

Тој објасни дека како што стојат работите засега, кога станува збор за постарите луѓе, можеби ќе мора да примат повеќе од две дози.

Scroll to Top