(Видео) Бин Ладен испраќал тајни пораки преку порновидеа

Еден од најголемите терористи во светот, кој беше убиен пред десетина години, испраќал тајни пораки преку порновидеа. Ова е објавено во најновиот документарен филм „Сокриен хард-диск Бин Ладен“, снимен за него.

Филмот ќе се прикаже на 10 септември, а во него се открива како Осама бин Ладен користел порносодржини за ислраќање кодирани пораки и упатства за неговите следбеници.

Осама бин Ладен користел огромна колекција на порносодржини, кои американските војници ги пронашле во пештерата во која се криел, недалеку од местото каде што бил ликвидиран во 2011 година.

Во документарниот филм се тврди дека Осама бин Ладен го делел последното засолниште со уште 22 други луѓе, од кои еден од нив направил колекција од 470.000 фајлови со порносодржини.

Затоа што Осама бин Ладен немал доверба во испраќањето  електронска пошта, ниту во куририте, се верува дека неговите пораки биле сокриени во порнофилмовите.

Неколку дена пред одбележувањето на 11 септември, кога во 2001 година терористи ги нападнаа американските градови Њујорк и Вашингтон, внуката на Осама бин Ладен го поддржа американскиот претседател Доналд Трамп за претстојните избори.

Таа го поддржа Трам и покрај верувањата дека тој го нареди убиството на нејзиниот роднина, синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен. Хамза беше убиен минатата година, на границата меѓу Пакистан и Авганистан.

Scroll to Top