(Видео) Бразилскиот претседател Болсонеро нарачал убиство, обвинуваат теоретичарите на заговор

Многумина теоретичари се сомневаат дека претседателот на Бразил, Жаир Болсонеро го нарачал убиството на градската службеничка во градот Рио де Жанеиро, Мариел Франко. Телевизијата „ТВ Глобо“ неодамна објавила информации од истрагата кои го поврзуваат бразилскиот претседател со убиството.

Франко била убиена на 14 март минатата година, додека се возела во автомобил во центарот на градот. Во незгодата настрадал и нејзиниот возач Андерсон Гомеш. Во извештајот ја има и изјавата на еден сведок, рецепционер кој пред убиството ја видел Франко во зградата во која живеел Болсонаро, кој во тоа време се кандидирал за претседател.

Полицијата ги има уапсено лицето и возачот од автомобилот од каде било пукано, но засега истрагата не дала одговор за тоа кој е нарачателот. Болсонеро неодамна ја нападнал телевизијата „ТВ Глобо“ која повторно го поврзала со убиството.

„Ти, „ТВ Глобо“, постојано од животот ми правиш пекол. Сега ме поврзуваш со смртта на Маријел. Злосторници. Тоа нема да ви помине. Немав никаква причина да убијам било кој во Рио де Жанеиро“, изјавил Болонаро на „Твитер“.

Снимката од емисијата е долга 24 минути и истата е емитувана во Саудиска Арабија, последната станица од турнејата на Болсонар во Азија и Блискиот исток.

Франко била позната по нејзините јавни настапи и залагања против расизмот, хомофобијата, полициското насилие и паравоените формации, кои често сееле страв во густо населените квартови во градот.

Scroll to Top