(Видео) Дајте ми лабораторија и ќе најдам лек за коронавирусот, осуден фармацевт бара да излезе од затвор

Мартин Шкрели, познат и како „Фарма Бро“, поради неговата одлука да ја зголеми цената на лекови кои спасуваат живот, побара да биде ослободен од затвор, за да може да работи на пронаоѓање на лекот за коронавирусот.

Шкрели во моментов издржува седумгодишна затворска казна во затворот Аленвуд во Пенсилванија откако беше осуден за измама со хартии од вредност. Тој измамамил инвеститори пред да влезе во фармацевската индустрија.

Научно списание објавено на веб-сајтот Prospero Pharmaceytucals, пренесува дека тој побарал тримесечен отпуст од сојузниот затвор во Аленвуд во Пенсилванија, за да може да работи на пронаоѓање на потенцијален лек за вирусот.

„Барам краток отпуст од три месеци за да можам да му помогнам на истражувачкиот тим во наоѓање на лекот за Ковид-19. Да се биде ослободен во свет во кој владенее пандемија на Ковид-19 и не е некоја утеха, дури ни за затворениците“, напишал Шкрели.

Тој ги отфрлил досегашните напори на фармацевтските компании и воопшто целата оваа индустрија и се смета себе си за еден од ретките раководители кои имаат искуство во сите аспекти во развојот на лековите.

„Одговорот на индустријата на Ковид-19 е неадекватен. Сите биофармацевтски компании досега требаше да одговорат со сите ресурси во борбата против оваа здравствена опасност. Донациите во овие многу вредни компании се огромни, а тие не си ја вршат работата како што треба“, напишал Шкрели.

„Медицински хемичари, структурални биолози, ензимолози и одделението за развој и истражување на биологијата во секоја фармацевтска компанија би требало да работи сè додека Ковид-19 не биде уништен“, смета тој.

Во фуснота на 11 страници, Шкрели е идентификуван како граѓански научник кој имал тројца деловни соработници, вклучувајќи го и Кевин Мулади и уште двајца кои се идентификувани исто како него, граѓански научници.

„Придонесот на Шкрели во овој проект ќе биде неопходен“, изјавил Кевин за „Њузвик“.

Во нивниот труд е прикажан напорот за идентификација на лековите кои можат да имаат влијание на Ковид-19. Тие тврдат дека користат софтвер за да го сведат решението на само осум лекови.

Шкрели, за кого не е планирано да биде ослобден од затвор до септември 2023 година, тврди дека не бара паричен надомест за работата наведена во документот и изјавил дека не очекува заработка од лечењето со коронавирусот.

„За да се избегнат сите недоумици, не сум платен за ниту една работа на ова или кое било друго поле во затворскиот систем. Не очекувам на кој било начин или облик дека ќе добијам пари од лечењето поврзано за коронавирусот. Верувам дека секоја компанија која има развиено лек за коронавирусот треба да ги надомести трошоците и да биде подготвена работата да ја извршува најмалку како државна служба“, вели Шкрели.

Но, тој додал дека ако владата има волја да ги награди за нивниот труд, истата ќе биде прифатена, дали преку некакви преговори или скратување на финансиите.

Адвокатот на Шкрели, Бенџамин Брафман, за „Њузвик“ вели дека ќе поднесе формално барање за да може неговиот клиент да го спроведе своето истражување во лабораторија под строг надѕор.

„Господин Шкрели подготви предлог за истражување на коронавирусот, кој може да им помогне на научниците и лекарите за подобро да разберат како можат да се справат со коронавирусот, кој убива толку многу луѓе. Бараме тримесечна ревија за да може да врши истражувања во лабораторија под строг надѕор“, изјавил Брафман.

„Секога зборував дека ако Мартин би бил фокусиран и оставен во лабораторија, може да го излечи ракот. Можеби тој може да ѝ помогне на научната заедница подобро да го разбере овој грозен вирус“, објаснил тој.

Шкрели бил извршен директор на компанијата Turing Pharmaceuticals, подоцна позната како Viera Pharmaceuticals i Phoenikus, кога го стекнала правото на лекот Daraprim. Овој лек се користи за лечење на токсоплазмоза, инфекција која може да биде смртоносна за сите оние кои боледуваат од ХИВ и сида, или други проблеми поврзани со имунолошкиот систем. Тој ја подигнал цената на лекот на 750 долари по таблета, што предизвика бес во јавноста.

Мулеади, еден од коавторите на овој предлог, е исто како и Шкрели обвинет и неговото име стои во тужбата која во јануари ја поднеле од Федералната комисија за трговија и генералната државна обвинителка во Њујорк, Летиција Џејмс, поради нивната наводна шема да ја угушат конкуренцијата со претераните цени за лекот Daraprim.

Од Федералната комисија за трговија и Џејмс изјавиле дека побарале од судот да издадат наредба со која на Шкрели и Мулади ќе им се забрани доживотно ангажирање во фармацевтската индустрија.

 

 

 

Scroll to Top