(Видео) Девојката која го масирала Бил Клинтон може скапо да го чини Џо Бајден на изборите

Фотографијата на која една од девојките на починатиот милијардер и педофил Џефри Епстајн го масира поранешниот американски претседател Бил Клинтон може скапо да го чини кандидатот за прв човек во Белата куќа, Џо Бајден, на претстојните избори во САД.

Фотографиите на кои се гледа како девојката Шанта Дејвис го масира Клинтон крена голема прашина во Америка, а некои од заговорниците сметаат дека овие фотографии би можеле да влијаат на претстојните избори во земјата.

Фотографиите се појавиле додека Бил Клинтон се подготвувал да одржи говор во знак на поддршка на Џо Бајден на Демократската конвенција во вторникот вечерта.

На фотографиите, претседателот седи раскомотен и се смее со Дејвис, која тогаш имала 22 години и му била лична масерка на Епстајн. Клинтон се пожалил дека има вкочанет врат, по што заспал во злогласниот приватен џет-авион на Епстајн, наречен The Lolita Ekpres.

Тој септември 2002 година, Клинтон и Епстајн патувале на хуманитарен настан во Африка. Сега обвинетата партнерка на Епстајн, Гислејн Максвел, во повеќе наврати ја охрабрувала Дејвисон да го измасира Клинтон.

Дејвис тврдела дека Епстајн ја силувал неколку пати, откако Максвел ја регрутирала, но изјавила дека за време на тоа патување до Африка, Бил Клинтон се однесувал како вистински џентлмен.

Епстајн претходно бил обвинуван дека приватниот авион го користел за превоз на малолетни девојки во различни луксузни домови во Њујорк, Палм Бич, Ново Мексико, па дури и Париз.

Голем број  американски богати и моќни личности патувале во приватниот авион на Џефри Епстајн. Од канцеларијата на Бил Клинтон претходно издале соопштеине во врска со патувањата во овој авион и демантираа дека знаат  што било за злосторите што ги направил Епстајн.

Дејвис тврдела дека Епстајн сексуално ја злоупотребувал неколку години, но дека во 2005 година успеала да побегне.

Scroll to Top