(Видео) Експерти открија мистериозен астероид, тврдат дека е од друга цивилизација

Мистериозниот меѓуѕвезден астероид Oumuamua, кој пристигна во нашиот сончев систем во октомври 2017 година, би можел да биде големо соларно пловило од друга цивилизација кое е во потрага по знаци на живот, велат астрономите.

Американската вселенска агенција НАСА забележала неочекувано забрзување и поместување на движењето на големиот објект кој лани влезе во кругот на нашиот систем. Една нова студија тврди дека ова може да е пловило на соларна енергија кое било испратено од вонземјани.

Астрономите од Центарот за астрофизика (CFA) на Универзитетот Харвард го анализирале необичниот облик на објектот кој наликува на цигара и неговите непредвидливи движења.

„Со оглед на вештачкото потекло, една можност е дека  Oumuamua е соларно летало што лета во меѓуѕвездениот простор, како дел од напредна технолошка опрема. Oumuamua е оперативна сонда, која што е пратена на Земјата да испрати други цивилизации”, пишуваат тие.

Друга можност да се објасни целосниот недостаток на комуникација и каков било сигнал, е дека пловечкото тело е всушност дел од руина на вселенско летало, тврдат научниците.

Scroll to Top