(Видео) Епстајн не планирал да се убие, се подготвувал за одбраната во суд

By

Поранешниот милијардер и осуден педофил, Џефри Епстајн, кој беше најден обесен во неговата ќелија во затворот во Њујорк, не планирал да се убие, тврди неговиот адвокат, Дејвид Шоен. Според Шоен, неговиот клиент се подготвувал за судењето и работел на неговата одбрана.

Епстај се подготвувал за повеќекратна правна и медиумска стратегија во борбата против обвинувањата за злоставувањата и трговијата со девојчиња. Дејвид Шоен, од кого Епстајн барал да го води неговиот правен тим, во последните денови изјавил дека девет дена пред смртта на неговиот клиент, тој разговарал со него.

Шоен, од кого Епстајн барал да го води неговиот правен тим во последните неколку дена пред неговата смрт, изјавил дека девет дена пред смртта на неговиот клиент, имал петчасовен разговор, во кој разговарале за стратегијата и неговата одбрана, пишува „Дејли Мејл“.

Шеон изјавил дека Епстај бил вознемирен и возбуден и дека се радувал на тоа дека ќе успее да го испере своето име во јавноста и да ги стивне лагите кои се зборувале за него.

Тој навел дека Епстајн се чувствувал загрозен ќелијата и сметал дека животот му е во опасност. Тој објаснил дека другите затвореници можеле да го уценуваат поради неговото богатство.

Шоен говорел и за новиот документарец за смртта на Епстајн, под името „Кој го уби Џефри Епстајн?“, кој премиерно е претставен деновиве.

Во серијата се поставува прашање дали Епстај самиот си го одземал животот, чекајќи го судењето за обвинувањата за педофилија, како што обукцијата официјално потврдила.

Смртта на Епстајн ги поткренала низата на теории на заговор, откако стражарите наводно не го посетувале во текот на ноќта, а камерите кои биле во негова близина, не биле работеле.

Тајните судски документи за контроверзниот богаташ, се објавени само еден ден пред неговата смрт.

Улогата на Клинтон и британскиот принц во случајот „Епстајн“

Меѓу илјадниците страници документи, од каде е тргната ознаката тајност, се и имињата на некои од богатите и моќни мажи на политичари, тајкуни и други имиња, кои се обвинети заедно со Епстајн дека сексуално искористувале малолетни девојчиња, од кои некои биле помлади и од 14 години.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, бил меѓу оние кои во повеќенаврати, патувале со Епстајн во неговиот приватен авион, наречен Lolita ekspres. Клинтон признал дека патувал со приватниот авион неколкупати, но негирал дека знаел било што за негогивте сексуално злосторства.

Медиумите, деновиве ја обавија приказната на една од жртвите, која споменала дека на едно од нивните патувања, со нив бил и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Со името на Епстајн, се поврзува и британскиот принц Ендру, а медиумите пред неколку дена ги објавиле наводите дека во дворецот на Епстајн во Њујорк, биле организирани состаноци на принцот Ендру со три помлади жени.

Ќе ви се допадне