(Видео) ФБИ објави документи за вонземјани и НЛО летала

By

Американските тајни безбедносни служби како ФБИ, НСА и ЦИА ја отстранија лентата со тајно и доверливо на некои од најтаинствените податоци и документи кои ги поседуваат за НЛО и животот на вонземјаните во космосот.

Овие документи се декласификувани и проследени на воените власти, на одредени научници и одреден број на јавни владини претставници. Во нив детално се опишува за НЛО и вонземјаните.

Можат да се прочитаат и детали за други мистерии, како оние дека со нас на планетава живеат и некои други раси кои можеби и немаат физички облик.

Многу влади се обиделе да ги проследат информациите кои ги имаат за вонземјанскиот живот на планетава, но за разлика од трите американски агенции, тие само претставиле докуемти со кои покажале само интерес за НЛО.

Вечното прашање кое научниците се обидуваат да го одговорат е тоа дали нашата популација е сама во вселената или не. Денес потрагата по вонземјани и НЛО, ги има минато сите граница, за да може да се добие логичен одговор.

Соединетите Американски држави се земја која според направените анкети, најмногу верува од сите други народи во нови откритија. Американската политичарка Хилари Клинтон изјавила дека ќа направи се што е во нејзина моќ, за да ги открие сите чекори и документи за да се решат случаевите со НЛО.

Џон Подеста бил десна рака на поранешниот претседател Барак Обама и началник на штабот под администрацијата на Клинтон, а неодамна објавил дека жали што во 2014 година, не успеал да го осигура откривањето на НЛО досие.

Тоа го смета за свој најголем неуспех во кариерата. И покрај обидите на Американците да дојдат до нови сознанија, тие и понатаму немаат никакви информации кои се поврзани со феноменот НЛО.

Сепак некои тврдат дека доказите не се објавени поради владата која стравува од ширење на оваа тема. Сметаат декаи откривањето на тајните информации може да стигнат до меѓународните елити и моќни светски корпорации.

 

 

Ќе ви се допадне