(Видео) Германците го отруле Алексеј Навални, вели доктор по хемиски науки

Докторот по хемиски науки Леонир Ринк тврди дека Алексеј Навални не бил отруен со воениот отров новичок и дека поверојатно е сценариото во кое рускиот опозиционер бил отруен од страна на Германците, Британците или Американците.

Тој објаснува дека супстанцата новичок се користи кога се сака да се уништи цела воена единица, а не само еден човек. Ринк во емисијата „Слонвој лајв“ изјавил дека е невозможно Навални да бил отруен со оваа суптанца.

Тој нагласил дека системот новичок е коктел од голем број состојки кој не е подготвен за употреба до моментот додека не се распраши.

„Поради тоа новичок воопшто не треба да се користи во никоја варијанта“, прецизирал Ринк.

Научникот смета дека е смешна изјавата дека супстанцата може да се користи за убивање  поединци, затоа што системот е способен да уништи цела воена единца.

„Човек би бил уништен за секунда со новичок“, нагласува Ринк, кој вели дека поради тоа тој воопшто не треба да се користи во никаква варијанта.

Истовремено тој укажал на разликата во клиничката слика, која е карактеристична при труењето со новичок, во однос на онаа забележана кај Навални.

Кај лицата кои се изложени на оваа супстанца се забележува остро стеснување на зениците и конвулзија, по што смртта настапува за неколку минути.

Тој смета дека е невозможно сценарио во кое жртвата се спасува за неколку недели и се пренесува со авион. Истовремено, симптомите кои се забележани кај Навални, според зборовите на хемичарот, се карактеристични за панкреатитис.

Коментирајќи ја изјавата на германската влада, дека кај Навални се откриени траги на новичок, Ринк изјавил дека не само што е нецелисходно да се користи оваа супстанца во такви услови, туку е и невозможно, па затоа можеме да зборуваме за употреба на супстанца од сличен вид.

„Такви супстанци од сличен тип одлично  прават Германците, Британците, Швеѓаните, Чесите и Американците“, изјавил тој.

Ринк додал дека трагите од новичок, за кој говори германската страна, можеби се траги од лекови кои се користени во лечењето на Навални.

Германската влада, повикувајќи се на лабораторијата „Бундесвер’, соопштила претходно дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со супстанца од групата на хемиските воени отрови новичок.

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјавил дека Берлин не ја известил Москва за своите заклучоци и дека Русија нема такви податоци.

Министерството за надворешни работи на Русија, од друга страна, истакна дека Русија го чека одговорот од Германија, на барањето за ситуацијата за Навални.

 

 

Scroll to Top