(Видео) Италијанска пратеничка ја откри мрачната страна на Бил Гејтс

By

Говорејќи во италијанскиот парламент, пратеничката Сара Куниал, изнесе низа на обвинувања на сметка на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, за начинот на неговото делување и апелираше до сите пратнеици да ги отфрлат плановите на американскиот милијардер, кои се однесуваат на коронавирусот, пренесува Спутњик.

Бил Гејтс веќе некое време вложува стотици милиони долари, преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејт“, која се занимава за тестирање и развој на вакцина против „Ковид-19“, во рамки на меѓународните напори за решавање на кризата, предизвикана од коронавирусот.

Но, пратеничката тврди дека со децении Гејтс работел на депопулационата политика и диктаторските планови на котнрола на глобална политика, со цел да стекнат примат во земјоделството, технологијата и енергетиката.

Исто така, таа истакнала дека милијардерот своевремено изјавил дека работи добра работа на вакцините, здравјето и репродукцијата и дека со нив, глобалното население може да се намали за 10 до 15%.

Куниал го обвини Гејтс дека ги има стерилизирано милиони жени во Африка и дека стои зад епидемијата на полиоза, која наводно ги има парализирано половина милион деца во Индија.

Исто така, таа говорела дека Гејтс соработува со неколку мултинационални корпорации кои поседуваат 5Г мрежа во Америка, а за кои поедини кругови веруваат дека е поврзана со пандемијата.

Реалната цел, со вложувањето на огромни пари во развој на вакцината, според мислењето на пратеничката, е целосна контрола и апсолутна доминација и претворање на луѓето во робови, кршење на суверенитетот и слободната волја.

Таа заклучила дека со постапките на Бил Гејтс, треба да се позанимава Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото. Инаку, Бил Гејтс неодамна изјави дека, тој во 2016 година, го предупредил Доналд Трамп, од заканата од пандемија.

„Се чувствувам ужасно. Можевме да превземеме мерки и да ја намалиме штетата. Би сакал да направам повеќе за да го свртам вниманието на опасноста“, нагласи основачот на „Мајкрософт“.

Извор/Спутњик

Ќе ви се допадне