Суперјахтата на Владимир Путин, „Грејфул“, која неодамна беше прогласена за исчезната, сега е видена како плови во водите на Балтичкото море. Станува збор за втората најголема јахта на Путин, чија вредност е проценета на 115 милиони евра.
„Грејсфул“ била видена кај брегот на Естонија, но под ново име пренесоа медиумите. Долга е 82 метри и сега плови под името „Косатка“, што на руски значи кит убиец. „Форбс“ тврди дека ја сликал фотографот Карл Грол на 25 септември за Jahtfoto.
На сликите се гледа како „Косатка“ патува на север низ Балтичкото море и е чувана од брод на руската крајбрежна стража.
Движењето на бродот и времето кога го промени името не се јасни, затоа што неговиот транспондер е исклучен најрано од 30 август, според службата за мониторинг, Marine Traffic, кога сè уште се наоѓаше во Калининград.
Косатка, претходно „Грејсфул“ брзо го напушти пристаништето Хамбург, на 7 февруари. Мина петмсечен ремонт во бродоградилиштето Blohm+Voss. Станува збор за компанија која првично ја изработила во 2014 година. На неа има фино уреден ентериер, спирални скалила и базен.
Вреди 73,2 милиони фунти а беше изградена од Sevmash во Русија. Внатрешниот и надворешниот изглед го замисли H2 Yacht Design.
Во внатрешноста има сјајни и мазни површини, меки софи и елегантна бања во бел мермер. Она што изгледа како канцелариска соба содржи полици за книги и биро со слика на едрилица. Има и опрема за вежбање на палубата, со седишта на салон и шанк столици.
За потсетување, најголемата јахта на Путин, „Шехерезада“ вредна 580 милиони евра и долга 140 метри, беше запленета во Италија во мај.
Беше откриена во март, а нејзиниот капетан е Британецот Гај Бенет-Пирс. Екипажот главно е екипиран од офицери на руската тајна служба. Сега, според најновите информации јахтата е во сопственост на Едуард Кудаинатов, поранешен претседател на „Роснефт“ и стар сојузник на КГБ на Игор Сечин.