(Видео) Јато птици паѓаа од небото во Мексико, ветеринарите не знаат што би можело да биде

Над стотина птици паднале од небото во мексико, а ветеринарите не знаат што би можела да биде причината и засега го истражуваат случајот. Настанот се случил во градот Кваутемок во покраината Чивава. Птиците биле снимени од безбедносни камери.

Снимката била направена рано утрото на 7 февруари, а граѓаните кога ги виделе птиците веднаш повикале полиција, пренесуваат тамошните медиуми. Некои од очевидците велат дека птиците ги забележале како паѓаат уште во пет часот утрото.

Станува збор за еден вид жолтоглав мршојадец, кој живее на северот од Канада. Во Мексико доаѓа за време на зимскиот период. Полицијата веднаш ги повикала ветеринарите и лицата од Зоолошката градина кои изнеле неколку теориите, но засега ниту една не е потврдена.

Според експертите, птиците веројатно угинале поради вдишување на отровни гасови од блиската топлана или пак од силниот струен удар, кој го доживеале додека стоеле на некоја електрична жица.

Некои медиуми надвор од Мексико изнесоа теза дека се работи за грешка во мрморењето, односно во формирањето на големо јато. Ваква грешка најчесто се случува кога птиците кои се во големо јато се обидуваат да побегнат од предаторите, па нивната меѓусебна координација во јатото се губи и доаѓа до колапс поради судир меѓу себе.

Scroll to Top