(Видео) Како би изгледал светот кога би пресушиле океаните

Нуачникот на НАСА Џејмс О’Донахју, при обработка на едно видео направено во американската вселенска агенција, од 2008 година, покажа како светот би изгледал кога океаните би исчезнале. Џејмс вели дека ако океаните испарат, би се разоткриле сите скриени три петини од Земјината површина.

Океаните го покриваат поголемиот дел од Земјината површина, вклучувајќи го и нејзиниот најдолг планински венец и древна рута преку која, во далечното минато, луѓето можеле да преминат од континент на континент.

О’Донахју кој сега работи и за јапонската вселенска агенција JAHA, при обработката на анимацијата, додал уште неколку информации, како што е следењето на исчезнувањето на огромните количини на вода.

„Го забавив почетниот дел на анимациајта, бидејќи постои многу подморски крајолик, кој би се појавил многу брзо, откако би исчезнале првите десетина метри“, изјавил Џејмс.

На тој начин брзо би се откриле континенталните плочи и некои копнени патишта, по кои првите луѓе патувале за време на миграциите од континенти на континенти. Пред неколку десетина илјади години, нашите предци можеле пешки да преминат од континентот Европа до Велика Британија, од Сибир до Аљаска и од Австралија до островите кои го опкружуваат овој континент.

„Кога се појавила последната ледена доба, голем дел од океанската вода се замрзнал на половите, па поради тоа настанале овие копнени рути, кои денес се покриени со море“, изјавил О’Донахју.
На анимациајта исто така може да се види најдолгиот планински ланез на Земјата, кој се појавил пред нашите очи, кога нивото на морето паднало за 2000 до 3000 метри. Се работи за ланецот кој се протега околу 60.000 километри ширум светот, а преку 90% од неговата површина сега се наоѓа под вода.

Scroll to Top