(Видео) Како Бил Гејтс стана главен виновник за коронавирусот, го обвинуваат дека убил милиони за да заработи

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, низ годините предупредуваше на епидемии и за тоа дека светот не е подготвен да се соочи со нив, па многумина веруваат дека тој е мозокот зад најголемата светска криза која во моментов се случува, пишува српски Курир.

„Нова пандемија ни доаѓа и наместо да се подготвуваме за тоа како за војна, се преправаме дека ништо не се случува“, порача Гејтс, но уште во 2015 година, откривајќи го своето предвидување за непосредното здравствено чудовиште, кое наскоро ќе ја уништи планетата.

Најбогатиот човек на светот е познат по своите пророштва, од кои многу и се имаат остварено. Според неговите зборови, за човештвото сега не е најважен технолошкиот напредок, туку глобалната здравствена пандемија, која би можела да убие преку 30 милиони луѓе за шест месеци.

„Не сме подготвени“, изјавил Гејтс за време на дискусијата за заканата по здравјето кое ја претставија властите на Massachusetts Medical Association и New England Journal of Medicine.

Бил Гејтс за време на предавањето објаснил дека иако за себе тврди дека е најоптимистичната личност во просторијата, дека мора да го потсетува светот дека воглавно живее во сиромаштија и дека мора да се бори повеќе со искоренување на оваа болест како сипаниците и маларијата.

„Иако постигнуваме напредок во речиси сите аспекти, постојат подрачја во кои нема напредок, а тоа е подготвеност за избивање на здравствена епидемија“, пренесува IFL Science, пишува Курир.рс.

Веројатноста дека таква болест ќе се појави и понатаму расте. Нов патоген излегува постојано по порастот на светската популација и го напаѓа човештвото во помалите развиени средини.

Создавањето на опасните вируси станува полесно за оединци и помали групи на луѓе, а тие болести можат да се рашират како пожар. Според Гејтс, малите недржавни актери би можеле да изградат уште посмртоносен облик на сипаници во лабораторијата. И во нашиот вмрежен свет, луѓето постојано патуваат со авион, преминувајќи ги континентите за неколку часа.

Гејтс претставил симулација од Институтот за моделирање на болести и утврдил дека новиот вирус, исто како и грипот од 1918 година кога брзо преминал во пандемија и убил 50 милиони луѓе, сега најверојатно ќе убие 30 милиони луѓе во рок од шест месеци.

„Болеста која ќе ја почувствуваме, веројатно ќе биде изненадување за нас, затоа што прво ќе ја сретнеме каде што ќе избие, баш како што тоа беше случај со вирусите САРС и МЕРС. Ако на светските влади им кажете дека оружјето кое би можело да убие 30 милиони луѓе, во моментов е во изработка, тие би почувствувале итност да се подготват за заканата“, изјавил Гејтс и додал дека во случајот со биолошките закани, тоа чувство на итност недостасува.

Се проценува дека на квадратен метар на нашата планета во просек има 800 милиони вируси. Ако таквата бројка се комбинира со неверојатната брзина со која вирусите се во состојба да се репликуваат, човекот почнува да разбира како можат повремено да го измамат нашиот имун систем и затоа е тешко да се пронајде вакцина која делува и на антивирусни лекови. Бактериите можат да се убијат главно со антибиотици, а за вирусите нема ништо слично ефикасно средство. Само прашање на време е кога РНА вирусите, кои имаат ген составен од РНА, а не од ДНК, ќе ги доведат работите до екстремност.

Таквите вируси, кога се копираат, немаат систем за проверка на грешки, како ДНК, па мутацијата е честа, што значи дека сите се нови соеви. Грипот ХИВ, САРС, МЕРС, зика, ебола, полио и риновирус, кои често се појавуваат како резултат на настикна, спаѓаат во оваа категорија.

Лесно е за оние кои добро ги познаваме, тука се и малку познатите мали опасности како ентеровирусот 68, реткиот сродник на полиовирусот, кој особено ги напаѓа бебињата, децата и тинејџерите. Овој вирус е откриен во Калифорнија во 1962 година, за време на епидемијата на воспалување на белите дробови.

Никој не тврди дека тој ќе биде тој, кој ќе биде новата „црна смрт“, но истиот ги исполнува критериумите. Најинтересни се зоонозите кои ги предизвикуваат животните. Овие ги држат сите познати брендови: од ХИВ, до брадавици. Дури и епидемијата на грип во 1918 година, која уби околу 100 милиони луѓе, почна да се шири од вирусот од птиците до луѓето, вели Бил Гејтс во едно од своите интервјуа кое го пренесе српски Курир.

Но, и покрај неговата одбрана многумина го обвинуваат основачот на „Мајкрософт“ за главен виновник за пандемијата на коронавирусот, кој се смета за најголемата светска криза по Втората светска војна. Многумина сметаат дека тој го произведел САРС-КоВ-2, вирус кој се рашири низ планетата. Теоретичарите на заговор одат и чекор понапред и веруваат дека тој веќе има создадено вакцина за истиот.

Заговорниците тврдат дека преку вакцините, Бил Гејтс има намера да заработи и да убие колку е можно повеќе милиони луѓе. Ова се тврдења кои се шират по социјалните мрежи.

Иако повеќето тврдења и обвинувања се отфрлени како лажни, теоријата дека Бил Гејтс стана непријател број еден толку стана популарна, што дури 451.060 луѓе во САД потпишаа петиција со која бараат да се отвори истрага против милијардерот, пренесува Курир.рс.

УНИЦЕФ и СЗО

„Додека ги гледаме настаните околу пандемијата на „Ковид-19“, разни прашања остануваат без одговор. Само неколку недели пред пандемијата да почне да се шири во Вухан, во Кина, на 18. октомври 2019 година, се случија два големи настани. Едниот е Event 201, а вториот се „Светските воени игри“. Двата се случија во градот Вухан. Од тогаш почна светската кампања за вакцинација и биометриско следење. На чело на сето тоа беше Бил Гејтс, кој јавно изјави дека на светот му е неопходна вакцинација за да се намали растот на популацијата за 10 или 15 проценти. Гејтс УНИЦЕФ и СЗО веќе се кредибилно обвинети за намерна стерилизација на кениските деца преку скриен HCG антиген во тетанус вакцините“, пишува во петицијата.

Во сè поголем број на постови на социјалните мрежи, а „Њујорк тајмс“ тврди дека ги има 16.000 со повеќе од 900.000 коментари, Бил Гејтс се обвинува дека ја измислил пандемијата, која всушност не постои, сè со цел да успее да ги чипира луѓето, или тој ја предизвикал за да заработи милијарди, затоа што веќе ја патентирал вакцината и го намалил бројот на луѓето на планетата.

Како доказ за тоа се наводните видео-снимки од неговите предавања во кои ги предупредува луѓето низ светот дека им се заканува смртоносен вирус, поврзан со Светската здравствена организација, но и институти кои се занимаваат со проучување на вакцините. Повеќето од ваквите тврдења, по истражувањата на светските медиуми, се прогласени за лажни или манипулација со фактите. Но, тоа не ги смирува теориите.

„Бил Гејтс стана дежурна бабарога и го зема местото на Џорџ Сорос. Лесно е да се трансформира во ваква фигура, затоа што на сите им е познат“, тврди Витни Филипс, професор по дигитална етика на Универзитетот во Сиракузи, за „Њујорк тајмс“, пренесува српски Курир.

Гејтс воглавно не одговара на прашањата за тоа зошто тој е мета на теоретичарите на заговор, но пред неколку дена во интервју за кинеската телевизија GCTN тој објаснил неколку работи.

„Би кажал дека иронија е тоа што за пандемијата го обвинуваат некој кој дава сè од себе за да светот го подготви за вакви случаи, дава милијарди долари за развивање на орудие за борба против заразните болести, особено од оние кои предизвикуваат пандемија. Но, се наоѓаме во луда ситуација, па имаме и луди гласини“, објаснил тој.

Во одбрана на Бил Гејтс се стави и српскиот доктор Радмило Петровиќ, кој не верува дека Гејтс стои за овој вирус. Петровиќ кој е епидемиолог, вирусолог и вакцинолог, пред 30 години работел во Институтот за вирусологија, на вакцините и серум „Торлак“. Тој вели дека постои можност да се направи секаков вирус во лабораторија.

„Некогаш во некои од сериозните научни магазини се објаснети овие работи, се разбира без името на Бил Гејтс. Сакам да читам за биолоши оружја и угледни експерти пишуваат за тоа дека од лабораторија може да се ослободи вирус кој не е патоген, односно вирус кој нема можност да предизвика сериозна болест, но може во одреден момент да се активира неговата патогеност. Не се занимавам со теории на заговор кои се пласираат преку интернет, ниту во наночипови, но воопшто не верувам дека Бил Гејтс е вмешан во сето ова за што се обвинува. Тој е богат човек и финансира и пласира низ светот колку е можно повеќе вакцини. Тој беше голем донатор на УНИЦЕФ и СЗО.

Вакцината против новиот коронавирус сеуште не е пронајдена, а камоли патентирана. Научниците со голема брзина работат на нејзино создавање, нешто што е потврдено од веродостојни вести од научните светски кругови“, вели доктор Петровиќ за српски Курир.

Постојат многумина како Петровиќ, кои ги побиваат главните теории за тоа дека Бил Гејтс ја најавил епидемијата уште во 2015 година и дека милијардерот стои зад ширењето на коронавирусот, а целта му била намалување на бројот на луѓето на планетата.

Бил Гејтс навистина во 2015 година говореше за опасностите од пандемијата. Но, во својот настап тој не најави пандемија на „Ковид-19“, туку поради епидемијата на ебола, која од 2013 до 2016 година уби повеќе од 11.000 луѓе, тој предупреди дека моменталниот здравствен систем и систем на заштита од било кој вирус, не е добар и дека драстично треба да се подобри. За наводната идеја на депопулација на планетата, Гејтс никогаш не зборувал.

Втората теорија пандемијата преку зголемениот број на мртви и заразени од „Ковид-19“,  е со цел, Бил Гејтс да ја спроведе вакцинацијата и чипирањето на луѓето со помош на истата.

Истражувачи од агенцијата „Ројтерс“ наведуваат дека за ваквите тврдења нема никакви докази. Бил Гејтс навистина го предвиде постоењето на дигиталните сертификати со здравствени податоци, но не кажа дка тие ќе бидат направени како чипови. Во моментов не постои технологија која тоа го овозможува, наведува „Ројтерс“.

И третата теорија е дека Бил Гејтс веќе ја патентирал вакцината против коронавирусот и чека да скокне побарувачката за да ја продава по неверојатна цена. „Форбс“ наведува дека многумина тврдат дека компанијата на Гејтс „Прибрајт институт“, од Англија, има патент за корона и вакцина против неа, но дека тие всушност имаат патент за вакцина против короанвирусот кој ги погодува кокошките, а не луѓето. Институтот кој се наведува не му припаѓа на Гејтс, туку тој е само еден од донаторите.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top