(Видео) Канон Шаман ја призна вината, човекот што влезе во Капитол заврши во затвор

Американски сојузен судија во средата го осуди Џејкоб Ченсли, познат и како Канон Шаман, на затворска казна од 41 месец затоа што насилно влезе во Капитол по победата на Џо Бајден на американските претседателски избори.

Ченсли постигна договор и се изјасни за виновен во септември откога мина 8 месеци во затвор. Неговата казна е најдолга од речиси 700 луѓе што беа обвинети во случајот со насилното влегување во Капитол. Неговата казна се поврзува и со онаа на Скот Ферламб, поранешен ММА-борач.

Американскиот оркужен судија Ројс Ламберт го осудил Ферламб кога ја видел снимката од него како удира полицаец за време на немирите на 6 јануари. Ламберт претходно одбил 3 барања на Ченсли за ослободување пред изрекувањето на казната сметајќи дека постои ризик да побегне.

Американскиот обвинител Кимберли Луиз Пашал, член на обвинителството, побарала од Ламберт да му изрече на Ченсли максимална можна казна од 51 месец затвор, потоа и 3 години да биде под надзор и глоба од 2.000 долари.

Ламберт му рекол на Ченсли дека му верува кога кажал дека искрено жали за делата и дека е паметно што склучил договор и ја признал вината за да не иде на судење затоа што може да се соочи со поголема казна.

Ламберт рече дека максималната казна не е соодветна за него, но дека не може да го осуди Ченсли на помала казна од минималната затоа што злосторството што го направил било ужасно. Судијата го осуди на 41 месец затвор по што ќе биде под надзор 36 месеци.

Ченсли ќе мора и да биде подложен на тестови за дрога, а одредена му е и глоба од 100 долари. Адвокатот на Ченсли, Алберт Воткинс, зборуваше за неговиот живот објаснувајќи дека тој вршел воена служба и дека разбира дека го прекршил законот.

„Тој е одговорен и сака да биде одговорен“, рече Воткинс.

На Ченсли во јули му биле дијагностицирани неколку ментални болести, вклучувајќи и шизофренија и биполарно нарушување, по што менталната состојба му се влошила додека бил во самица во затворот во Вирџинија.

Некои од неговите медицински картони од 2006 година, од времето кога бил во морнарицата, покажуваат слични проблеми со неговото ментално здравје, но докторите тоа никогаш не му го спомнале, објаснил Воткинс.

Воткинс тврдел дека Ченсли не бил организаторот на нередите во Капитол, но дека судијата Ламберт објаснил оти тој си создал имиџ на бунтовник поради бојосувањето на лицето и роговите што ги носел на тој 6 јануари.

Ченсли рече дека времето во затвор го поминал размислувајќи за она што го направил. Времето во затвор му донело трауми и поради стресот, добил и бели влакна.

„Од објективна перспектива, немам ништо заедничко со оние криминалци со кои бев во затвор. Со некои од нив сум ментално оддалечен со милји, светлосни години. Тие се однесуваа како да сме во хотелот ‘Холидеј ин’“, рече Ченсли.

Ченсли рече дека во затворот научил оти слободата мора да се користи со одговорност и дека сакал да го искористи времето и на судот да му каже дека погрешил што влегол во Капитол. Ченсли пред судот рече дека никогаш повеќе не сакал да мине низ нешто слично и дека нема никогаш повторно да го повтори кривичното дело.

„Морав да се помирам со фактот дека поради моите одлуки, завршив во самица“, рече Ченсли и призна дека го прекршил законот.

По упадот во Капитол, биле уапсени повеќе од 700 луѓе, а повеќе од 100 се изјаснија за виновни за злосторствата во врска со нередите на 6 јануари.

Scroll to Top