(Видео) Ќе завршиме како диносаурусите, следи големо истребување, ќе се спасат само неколкумина во одредени региони

Човекот ќе ја доживее истата судбина како и диносаурусите. Ќе следи големо истребување, а само малкумина  во одредени региони ќе имаат среќа да го преживеат тoа што ни следува, предупредуваат светските научници.

Тие велат дека  на нашата планета има сè поголемо количество јаглерод диоксид во атмосферата, предизвикан од екстремното глобално загревање, поради што одредени видови животни изумреле. Земјата се движи кон уште едно масовно истребување и за тоа е виновен човекот, велат научниците.

„Јас сум научник за земјата и палеоклимата и ја истражував врската меѓу влијанието на астероидите, вулканизмите, климатските промени и масовното изумирање на одредени видови“, вели Ендру Гликсон. „Моето истражување сугерира дека моменталната стапка на раст на емисии на јаглерод диоксид е побрза од онаа кога почнале двете претходни масовни изумирања, вклучувајќи го и настанот што ги уништил диносаурусите“, вели Гликсон.

Светот во моментов е фокусиран на Ковид-19. Но, ризиците за природата од глобалното затоплување се јасни и претставуваат императив за акција.

Многу видови можат да се прилагодат на бавна или умерена промена на животната средина. Но, историјата на Земјата покажува дека екстремните поместувања на климата можат да предизвикуваат изумирање на голем број видови.

На пример, пред околу 66 милиони години астероид ја погодил Земјата. Разнишаните карпи и пожарите испуштале огромни количини  јаглерод диоксид во период од 10.000 години. Глобалните температури и нивото на морето пораснале, а океаните станале кисели.

Околу 80% од видовите на земјата, вклучително и диносаурусите изумреле. Пред околу 55 милиони години температурата повторно се спуштила. Пред 100.000 години повторно. Причината за овој настан, познат како палеценско-еоценски термички максимум, не е јасна.

Една теорија, позната како хипотеза „пукање на метанот“, вели дека огромна вулканска ерупција покренала  ослободување на метан од океанските седименти, правејќи ги океаните кисели и смртоносни за голем број видови.

Пред да почне индустриското време, на крајот на 18 век, јаглерод диоксидот во атмосферата изнесувал околу 300 делови на милион. Тоа значи дека на секој милион молекул гас во атмосферата имало 300 јаглерод диоксид.

Во февруари оваа година атмосферскиот јаглерод диоксид достигнал 414.1 дел на милион. Вкупното ниво на гас со ефект на стаклена градина – јаглерод диоксид, метан и заотен оксид, заедно достигнале речиси 500 делови на милион еквивалент јаглерод диоксид.

„Јаглерод диоксид сега се ослободува во атмосферата со брзина од два до три дела на милион секоја година. Користејќи ги јаглеродните записи зачувани во фосилите и органските материи, открив дека сегашните емисии на јаглерод претставуваат екстремен настан во историја на Земјата“, вели Гликсон.

„Моето истражување покажа дека годишните емисии на јаглерод диоксид биле побрзи по ударот на астероидот кој ги уништил диносаурусите (околу 0,18 делови на милион CO2 годишно), како и топлотниот максимум пред 55 милиони години (околу 0,11 делови на милион CO2 годишно)“, вели Гликсон.

Во моментов атмосферската концентрација на јаглерод диоксид не е на ниво од тоа пред 55 милиони и 65 милиони години. Но, огромниот прилив на јаглерод диоксид значи дека климата се менува побрзо отколку што голем број растителни и животински видови може да се прилагодат.

Извештајот од Обединетите нации објавен минатата година предупреди дека на околу милион животински видови им се заканува изумирање. Климатските промени се наведени како еден од петте главни двигатели.

Извештајот вели дека климатските промени може негативно да влијаат на 47% цицачи и речиси 25% кај загрозените птици.

Веќе постојат знаци дека ќе има пресвртници. На пример, порастот на арктичките температури доведе до големо топење на ледот и слабеење на арктичкиот млазен ток и силен појас на западните ветрови.

Тоа овозможува топлиот воздух што се движи од северот да ја премине поларната граница, а студените фронтови кои излегуваат од половите влегуваат на југ во Сибир, Европа и Канада.

Промената на климатските зони исто така предизвикува ширење на тропските предели и миграција кон половите со брзина од околу 56 до 111 километри по деценија. Трагите од тропските и екстратропските циклони исто така се поместуваат кон половите.

Австралија е многу ранлива на оваа промена.

Истражувањето објавено во 2016 година покажало дека  луѓето имаат огромно влијание  на планетата. Иако Земјата можеби природно може да влезе во наредната ледена доба, за околу 20.000 години, загревањето на јаглерод диоксидот ќе резултира со суптропски услови, одложувајќи ја следната ледена доба за околу 50,000 години од сега.

За време на овој период хаотичните високоенергетски услови би преовладале на поголемиот дел од Земјата. Моето истражување сугерира дека луѓето веројатно најголеми шанси  да преживеат ќе имаат во супполарните региони, засолнети во планинските долини, каде што студените услови би овозможиле да се задржат флората и фауната.

Следното масовно истребување на Земјата можно е да се избегне, доколку емисијата на јаглерод диоксид се намали и се развие и имплементира технологијата за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата.

Но, во моментов човечката активност е закана поголем дел од Земјата да стане непогоден за живот.

 

 

Scroll to Top