(Видео) Ќерка со помош на гатачки ја измамила мајка си за 142 милиона долари

Бразилката Сабин Кол Богиси е уапсена поради сомнение дека ја измамила мајка си, 82 годишната Женевив, вдовицата на колекционерот Жан Богиси. Сабин со помош на јасновитки украла уметнички дела од познати бразилски сликари и накит во вредност од 142,41 милиони долари.

Нејзиното апсење разоткри цела мрежа на измамници во која биле вмешани неколку лажни јасновитки. Уапсени се четири лица, а двајца осомничени, Дијана Роса Апаресида Станеско Вулетиќ и Славко Вулетиќ се во бегство.

Измамата започнала во 2020 година, кога Сабин ја изнајмила јасновитката Дијана со задача да ја прелаже мајка ѝ. Вдовицата ја излажала старицата дека ќерка ѝ ќе умре од неизлечива болест.

Потоа ја посетиле уште неколку јасновитки, за кои полицијата вели дека користеле лични податоци кои им ги давала Сабин. Гатачите и афро-бразилските свештенички ја измамиле мајка ѝ, а потоа ѝ понудиле и духовно исцелување за огромни суми пари.

Старицата им поверувала во приказните и за сѐ ја информирала ќерка си. Полицијата изјави дека осомничените ѝ се заканувале дека ја држеле ќерка ѝ како заложник во затворена куќа.

„Сабин и Дијана почнале да ги земаат уметничките работи од нејзината куќа, тврдејќи дека сликите се проколнати и дека низ домот се ширел негативна енергија. Ја советувале да се моли“, рече шефот од полицијата во Рио де Жанеиро, Жилберто Рибеиро.

По година дена малтретирање, старицата одлучила случајот да го пријави во полиција. Од таму велат дека сликите вределе вистинско богатство. Биле украдени 16 дела од познати бразилски уметници како Сисеро Диас, Рубенс Гершман и Алберт Гуигнард.

Биле земени три дела од култниот модернистички сликар Тарсил до Амарал – “O Sono”, “Sol Poente” и “Pont Neuf”. Полицијата проценила дека заедно сите дела вредат околу 137,6 милиони долари. Едно од највредните дела е сликата Sol Poente (Залезот на сонцето) од 1929 година.

Сликите биле најдени сокриени под креветот за време на една полициска рација во Рио де Жанеиро во една од куќите на јасновитките. Биле најдени уште десет слики. Властите пронашле три слики во Сао Паоло. Две биле продадени во музејот на Буенос Аирес, но, засега не се најдени.

Сабин Коли Богиси била позната како актерка, пејачка и колекционер на стари играчки. Досега има собрано повеќе од 3000 стари играчки. Се борела за правата на животните и ѝ помагала на организацијата која се грижи за напуштени кучиња.

Таа водела и уште една правна битка со мајка си за старателството на нивните кучиња. На крајот го загубила спорот. Полицијата соопшти дека седум од лицата кои се осомничени, се товарат за проневера, разбојништво, изнуда и злосторничко здружување.

За потсетување, познатиот бразилски колекционер Жан Богиси починал во 2015 година на 87 години. Зад себе оставил уметничка колекција вредна 142 милиони долари. Романскиот уметник почнал да собира дела во 60-те години, а во Рио чувал галерија во која била сместена богата колекција на бразилска уметност.

Според извештаите, Богиси ја напуштил родната Романија во 1948 година по Втората светска војна и пристигнал во Рио со француски брод. Првите неколку месеци ги поминал на плажите каде и преноќувал. За да преживее поправал раидја.

Бил талентиран илустратор и карикатурист. Се поврзал со голем број уметници од Рио. Кога освоил голема сума на пари на квиз, купил стан во Копакабана. Таму останал до крајот на животот. Се оженил на крајот на шеесетите со Французинката Женевиев. Извесен период живееле во Париз.

Scroll to Top