(Видео) Кина контра снимките кои излегоа од СЗО, кој е одговорен за пандемијата со коронавирусот

By

Снимки од интерните состаноци на врвните луѓе во Светската здравствена организација, покажуваат дека Кина на почетокот на пандемијата со коронавирусот, не ги доставувала потребните информации. Тоа е сосема спротивно со првичните пофалби кои СЗО им ги упати на Пекинг.

Снимките од тој состанок до кои дошле новинарите од агенцијата „Асошиетед Прес“, покажуваат како на 6. јануари, високи официјални лица во СЗО, се жалат дека Пекинг не сака да ги сподели потребните податоци со остатокот од светот, како би се проценил ризикот од вирусот за целиот свет.

Кина дури на 20. јанари призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари, СЗО прогласи глобална опасност.

„Работиме со многу малку информации. Тоа никако не е доволно за да подготвиме план“, изјавила Марија Ван Керхове, епидемиолог и технички директор на СЗО, за време на пандемијата со „Ковид-19“.

Шефот на СЗО во Кина Гаден Галеа, вели на една од снимките, дека од Кина добиваат информации на 15 минути, пред истите да бидат објавени на тамошниот медиум ČTV-u.

Како што се наведува, овој извештај стигнува по растечкото незадоволство на меѓународната заедница, поради кинеската реакција на коронавирусот и почетокот на независната истрага за потеклото на вирусот, од кој досега се заразиле повеќе од шест илиони луѓе, а починаа повеќе од 375.000 луѓе низ светот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан, ги негирал наводите на американската агенција „АП“,  за тоа дека Кина со дополнително одложување ја известувала Светската здравствена организација за вирусот, „Ковид-19“.

Како што навеле од таму, извештајот на „АП“ бил неточен, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата „АП“, пренела дека снимките од интерните состаноци на СЗО, покажуваат дека таа организација едвај ги добивала од Кина потребните информации на почетокот, за пандемијата на коронавирусот.

Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне

AniWatch animes online: Watch A Silent Voice Episode Full (https://aniwatch.pro/m/QDBP/ep-1)

ANIMEFLIX animeflix ios: Dragon Ball (Dub) (https://animeflix.nl/m/KbR) Episode 153