(Видео) Кина намерно го ширеше коронавирусот: свиркач изнесе шокантни тврдења за тоа што навистина се случило во октомври 2019 година

Веи Џингшенг, кинески свиркач, изнесе неверојатни тврдења дека Кина намерно го ширела корноавирусот на еден воен турнир, два месеци пред светот воопшто да дознае за смртоносниот ковид 19. Како што е наведено, меѓународниот турнир „Светски воени игри“, се одржа во октомври 2019 година, во Вухан, градот кој се смета за извор на пандемијата.

Сето тоа се случи два месеци пред Кина да ја извести Светската здравствена организација за појавата на новата болест и првите случаи на зараза. Веи вели дека не е случајност тоа што некои од 9000 учесници во игрите се разболеле со мистериозната болест.

„Си помислив дека кинеската влада искористи да го прошири вирусот за време на игрите, затоа што многу странци се појавија таму“, порача Веј во новиот документарец на „Скај њуз“, „Што навистина се случи во Вухан“.

Свиркачот тврди дека слушнал како кинеската влада изведува необична вежба за време на настанот. „Знаев за можноста дека кинеската влада користи некое чудно оружје, вклучувајќи и биолошко, затоа што знаев дека спроведуваат експерименти од тој вид“, навел тој.

Неговите тврдења ги поддржал и Мајлс Ју, поранешен главен советник за Кина, во Стејт департментот. Како што рекол тој, германски, француски и американски спортисти биле меѓу оние кои се разбоелел, со симптоми на коронавирус, но, никогаш не биле тестирани на тој вирус.

„Видовме само некои индикации во нашите податоци, дека ковидот циркулирал во САД, уште на почетокот на декември, можеби и порано“, навел Дејвид Ашер, некогашен истражувач на ковид 19 во Стејт департментот.

Веи, кој инаку одлежал затворска казна поради „контрареволуционерни активности“, рчее дека почнал сериозно да се занимава со прашањето за вирусот, кога на кинеските социјални мрежи почнале да кружат приказни дека се појавил нов САРС.

„Стекнав впечаток дека не беа загрижени како што бев јас, па дадов сè од себе да им покажам повеќе детали и информации. Можеби луѓето не веруваат дека една влада би можела да направи такво нешто, да сокрие дека постои врисуот, па настојував да ги убедам во тоа“, рече тој.

„Дејли мејл“ пренесува дека кинеските власти на сите начини се обиделе да ги замолчат сите свиркачи и наводи за болеста, во раната фаза на појавата на заразата во Вухан, иако во локалните болници бројот на мртви бил зголемен.

Секое наговестување на социјалните мрежи дека постои заразата е цензуриран, а медиумските работници кои сакале да ја запознаат јавноста се притворени и приморани да потпишуваат лажни признанија дека ширеле паника.

Веи, кој пред неколку години избегал во САД, вели дека преку инсајдер од Комунистичката партија на Кина, дознал дека постои страв дека власта се обидува да ја заташка пандемијата.

Но, како што вели и покрај сите предупредувања дека вирусот може да го зафати и целиот свет, неговата порака не била сериозно сфатена.

Не сакал да открие со кои политичари точно зборувал, но, инсистира дека се во прашање високи официјални административци на некогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Како се ширела заразата во Кина, државата се обидела да ја намали сериозноста на ситуацијата сè до 31 декември 2019 година, кога конечно признале дека постои нова болест која повеќе не можат да ја кријат.

Сепак, дури и тогаш тврделе дека вирусот не може да се пренесе од човек на човек. Дури на крајот на јануари 2020 година, СЗО објави дека се работи за светска закана, а вирусот се прошири и на други земји.

Во август оваа година, доктор Питер Ембарек, водачот на тимот на СЗО, кој го истражувал потеклото на коронавирусот во Кина, рече дека првиот пациент можеби бил инфициран преку лилјак, работејќи во лабораторија во Вухан.

Иако тврдењата дека вирусот побеганл од лабораторија се офрлени и тоа на секаков начин, Ембарек останал на тој став. Како што смета, прочурувањето на вирусот е можен доколку вработените во лабораторијата земале примероци од лилјакот и така се заразиле.

Така се појави сомнеж дека изворот на заразата во Институтот за вирусологија во Вухан, кој инаку важи за најголем научен центар за истражување на коронавирусот.

Една од теориите е дека вирусот е откриен во лабораторија која собира примероци од вируси од диви животни, или пак, намерно е создаден за истржување, додека работите не излегле од контрола.

Таа теорија сепак останува многу контроверзна иако постојат наводи дека тројца вработени од лабораторијата побараа лекарска помош во ноември 2019 година, месец дена пред да се забележани првите официјални случаи на ковид 19.

Нивните симптоми биле слични на ковид 19, но и на сезонските настинки. Извештаите покажале дека коронавирусот можел да циркулира низ Кина со месеци пред Пекинг официјално да го пријави првиот случај, било како незабележана болест со слаби симптоми, или како болест која власта ја заташкувала.

Италијанските научници тврделе дека забележале присуство на вирус во примероците на крвта од септември 2019 година, додека Шпанците велат дека ковид 19 во нивната земја можел да биде присутен во јануари 2020 година, месеци пред првиот пријавен случај.

Како и да е, светот првпат слушна дека нешто чудно се случува во Кина, кога во декемвр се појавија вестите дека во земјата хара респираторна болест, поточно мистериозно воспаление на белите дробови. Дури на 31 декември 2019 година, кинеските власти го известија СЗО, дека се заразени 44 лица во Вухан.

Подоцна, СЗО била известена дека најмалку еден пациент покажал симптоми уште на 8 декември. Иако Кина често се критикуваше дека не одговорила на вистинскиот начин против коронавирусот, исто така се критикува и СЗО.

СЗО во првиот бран, прво го пофали Пекинг поради брзината со која одговори на избивањето на заразата, а упорно тврдела дека тоа не е ништо сериозно. Епидемијата потоа премина на пандемијата и целиот свет брзо се најде во локдаун.

Хронологијата на настаните

8 декември 2019 година – најраниот датум кој покажува дека било коронавирус во Кина

31 декември – Кина првпат пријави воспалување на белите дробови од непознато потекло, Светската здравствена организација

1 јануари 2020 – пазарот во Вухан е затворен

7 јануари – претседателот Си Џингпинг разговара за коронавирусот со политбирото

9. јануари – Кина го сподели генот на коронавирусот со јавноста

11 јануари – Кина го пријави првиот смртен случај

13 јануари – Потврден првиот случај на зараза надвор од Кина

20 јануари – Потврден пренос од човек на човек

23 јануари – Вухан е во локдаун

31 јануари – СЗО објави избивање на заразата на глобално ниво, Кина призна дека има илјадници случаи на зараза.

23 февруари – Илтаија пријави првата кластер зараза

29 мај – Кина тврди дека вирусот не потекнува од пазарот во Вухан од лилјак

31 јули – Кинеските истражувачи признале дека поедини експерименти со коронавирусот се спроведувале во нивните лаборатории

16 декември – СЗО најавува дека заминува од Вухан

5 јануари – Кина одбива да го прими тимот на СЗО

9 февруари – СЗО ја одбива теоријата дека вирусот потекнува од лабораторија

28 март – Поранешни американски официјални лица за национална безбедност, тврдат дека известувачките податоци покажуваат дека Пекинг дал наредба да се унишат сите примероци на вирусот во лабораторија во Вухан.

Свиркачи на првата жртва

Кинеските доктори на почетокот на декември 2019 година почнаа да предупредуваат на појава на нова репираторна инфекција, слична на САРС. Еден од нив беше Ли Венлијанг, кој на социјалните мрежи ја изрази својата загриженост, дека САРС можеби повторно се појави и ја загрижи јавноста.

Но, поради тоа се најде на мета на кинеската полиција која го уапси, заедно со уште осум колеги. Наводно, тој бил приморан да потпише документи со кои признава дека намерно ја вознемирил јавноста. Нешто подоцна, тој почина од вирусот.

Вухан дури месец дена подоцна, на крајот на јануари, влезе во локдаун, што тогаш беше чудно за целиот свет. Градоначалникот на Вухан призна за пропусот, за тоа дека пет милиони луѓе можеа да излезат од градот пред затворањето, што најверојатно помогна вирусот да се рашири уште повеќе. Кина досега регистрираше повеќе од 95.000 случаи на коронавирус и најмалку 4636 смртни случаи.

Извор/24седум.рс

Scroll to Top