(Видео) Кинеска лекарка побегнала во САД, таа тврди дека Ковид-19 е создаден во воена лабораторија

Ли Менг Јан е кинеска докторка која побегнала од својата земја во САД поради заканите кон неа и нејзиното семејство затоа што тврди дека Ковид-19 е настанат во воена лабораторија. Ли тврди дека Кина и СЗО ги прикривале доказите за ширењето на заразата.

Претставници од официјалната комунистичка партија им се заканувале на Ли и нејзиното семејство и пријатели. Тие ги испрашувале пред таа во април да ја напушти Кина и да избега во САД.

Во декември Ли работела како вирусолог во лабораторијата на Универзитетот во Хонгконг, центарот за истражување заразни болести на Светската здравствена организација.

Нејзиниот шеф, професор Лео Пун, побарал од неа да ги истражи таинствените случаи на заразени со коронавирус, слични на САРС, во кинескиот град Вухан.

Професорот Пун бил еден од научниците кои се занимавале со идентификација на секвенците на гените на коронавирусот, кој ја предизвика епидемијата на САРС во 2003 година.

Тоа што доктор Јан го открила во Пекинг е игнорирано од режимот.

На почетокот на јануари, со испитување на кластер во семејствата, таа открила дека вирусот во Вухан се пренесувал од човек на човек. Таа дознала и дека други научници во Кина го секвенционирале генот на новиот коронавирус.

Ли знаела дека во Вухан има повеќе случаи отколку што кинеската влада признавала, па верува дека тврдењата од Пекинг за тоа дека вирусот настанал на морскиот пазар во Вухан всушност се намерно пласирана лага.

„Тие не сакаа јавна расправа. Им велеа на луѓето да не се грижат“, изјавила таа.

Доктор Јан не била единствениот медицински официјален претставник кој сакал да ја открие вистината за коронавирусот. На 23 јануари биле уапсени осум лекари, поради предупредувањата што ги пишувале за коронавирусот на социјалните медиуми.

Властите тоа го нарекле ширење  измама, а потоа на 7 февруари еден од нив, доктор Ли Венлијанг, починал. Во февруари загриженоста се зголемувала кај доктор Јан, додека коронавирусот почнал да се шири низ светот, а кластери се појавиле и во Ломбардија.

Таму се појавил коронавирус на крузерот „Дајмонд Принцес“, кој претходно се наоѓал на пристаништето во Јокохама во Јапонија, а потоа и во Јужна Кореја, Иран и на Блискиот Исток.

Кога бројот на смртни случаи почнал да расте, докторите сфатиле дека имаат информации за глобалната катастрофа, а за што ниту една влада не сакала да говори.

Во Кина на лекарите им било кажано да ги дијагностицираат само случаите поврзани со пазарот на Вухан.

„Сфатив дека ова е итна ситуација за целиот свет. Не можев да молчам повеќе“, изјавила таа за „Фокс њуз“. Според нејзините зборови, кинеската влада и СЗО знаеле дека болеста се пренесува од човек на човек, но одложувале да се објават таквите вести во светот.

Доктор Јан известувала за налозите во повеќе наврати, а во еден момент  добила совет од еден надзорник да молчи и да биде внимателна. Верувајќи дека тие информации можат да спасат живот, таа одлучила да замине за САД. Тоа била тешка одлука за неа.

Знаела дека ако замине никогаш нема да го види своето семејство и дка можеби тие ќе бидат казнети поради нејзиното бегство и откривањето на државните тајни. Но, исто така знаела дека ако ги открие информациите додека е во Кина, таа ќе заврши како исчезната личност.

Затоа, на 28 април, исплашена и носејќи на себе само мала количина багаж, се качила на лет за Лос Анџелес. На аеродромот им ја кажала на граничните власти својата приказна и ги замолила да ѝ дозволат престој во САД.

Во меѓувреме, пребарани се нејзиниот дом и канцеларија, а  нејзините најблиски добивале закани. Нејзините родители биле присилени јавно да кажат дека таа е лажливка и предавничка.

Криејќи се во САД, доктор Јан  изјавила за „Дејли мејл“ дека се плаши дека вирусот SARS-CoV-2, кој ја предизвикува болеста Ковид-19, можеби намерно е создаден во воена лабораторија како експеримент.

Кина од тогаш се обидува да ја уништи нејзината репутација и да ги поткопа нејзините тврдења и тврди дека таа не учествувала во никаква истрага за коронавирусот.

 

Scroll to Top