(Видео) Кинески рудник од пеколот, британски научници убедени дека од тука почнал коронавирусот

Британски научници тврдат дека коронавирусот настанал во еден кинески рудник во 2012 година, кога кинески работници заболеле од болест, слична на воспаление на белите дробови.

Шест рудари развиле симптоми кои наликувале на коронавирус по работата во една јама во Моџиан, во југозападната кинеска провинција Јунан.

Тројца од нив подоцна починале, а примероците од нивните ткива, биле испратени во институтот за вирусологија во Вухан. Шесте рудари отстранувале фекалии од лилјаците во јамата.

Тие по некое време развиле висока температура, сите почнале да кашлаат, а во некои од случаите, добиле и силни главоболки. Вирологот Џонатан Латам и молекуларнот биолог Алисон Вилсон, од тогаш ја превеле тезата од кинескиот лекар, кој ги лечел рударите.

Кинескиот лекар подоцна примероците ги испратил на Институтот за вирусологија во Вухан, на тестирање.

Во текстот објавен на нивната веб страна, Independent Science News на 15 јули, двајцата напишале дека доказите ги навеле да се преиспитаат за сето она што го мислат за потеклото на Ковид 19.

Се смета дека коронавирусот се појавил во декември минатата година, по големиот број на случаи на пазарот за морска храна во Вухан, Хуанан. Латам и Вилсон изјавиле дека симптомите кои ги имале рударите, се поврзани со Ковид 19, пренесува „Њујорк Пост“.

Исто така тие биле лечени на сличен начин како и пациентите со коронавирус, на респиратори, им биле давани слични лекови, вклучително и стероиди и разредувачи на крвта.

Откако биле направени повеќе тестови, кинескиот лекар разговарал со вирологот Џонг Наншан, познат научник кој помогнал во управувањето со состојбата, по избивањето на вирусот САРС во 2003 година.

„Разговорот со него беше значаен. Тоа имплицира дека бил сериозно загрижен за болеста на шесмината рудари и сметал долго време дека коронавирусот, кој бил сличен на САРС, бил веројатната причина за нивното заболување“, вели Наншан.

Истражувачите од лабораторијата Вухан, откриле дека изворот на заразата бил коронавирус, сличен на САРС добиен од кинеските лилјаци, нешто што ја предизвикало пандемијата.

Официјалните лица во Кина, во повеќе наврати ги негирале тврдењата дека овој вирус е настанат во лабораторија.

Scroll to Top