(Видео) Мајка си го убила својот шестгодишен син

Џулис Талер од Минесота е прогласена за виновна за убиство на својот шестгодишен син Ели Харт. Го застралала две недели откако го земала од татко му и ја добила битката за старателство.

Осудена е во средата. Обвинителството тврди дека го застрелала девет пати во автомобил, а потоа го ставила во багажник. Била уапсена за време на редовна полициска контрола.

Поротата ја прогласила виновна по една точка, за убиство со предумисла од прв стен и убиство од втор степен по само два часа разгледување на случајот. Осудена е на доживотен затвор без можнст за условна казна.

„Во името на семејството на Ели, би сакал да им се заблагодарам на поротата, судот, обвинителстовот и целиот округ Хенепин и правосудните партнери за ефикасната работа“, рече Тори.

„Ова е трагичен настан кој можеше да се избегне, ако Ели никогаш не беше вратен кај мајка му“, додаде тој.

До убиството на момчето, родителите водеа тешка битка за старателството. Ели година дена остана во згрижувачко семејство, пред да биде доделен на мајка му. Никита Кронберг, неговата негувателка, рече дека се плаши да го врати кај мајка му, затоа што мислела дека ќе го повреди.

Убиството излегло на виделина на 20 мај 2022 година, кога полицијата во Орон ја запрела откако била видена како вои без една од гумите и со скршено задно стакло. Полицијата забележала и крв од багажникот. Кога го отвориле го виделе телото на детето.

Откако ја уапсиле, Телер била обвинета за убиство од втор степен. Одбила две понуди од обвинителството за да ја признае вината за убиството од втор степен, па нејзините обвинувања се проширени за убиство од прв степен.

„Никогаш не би му го направила тоа на син му“, рече Џулис пред судот на 30 јануари, кога одбила да се спогоди и да ја признае вината. „Сакам да одам на судење“, додаде таа.

На судењето, нејзините адвокати не повикале ниту еден сведок, а одбраната во завршните зборови рече дека обвинителите само докажале дека обвинетата не го планирала убиството. За време на сведочењето, Харт рече дека син му бил популарен во школо и дека сакал кога ќе порасне да стане пожарникар.

„Отсекогаш беше весело и среќно дете, отворено и полно со енергија“, рече Харт.

Бившиот дечко на Џулис, Роберт Пикаранин сведочеше дека во ноќта пред убиството, таа го пуштила синот да остане буден до доцна ноќта, а потоа збеснала кога и детето почнало да станува нервозно.

„Го удираше“, рече Роберт и додаде дека и момчето и вратило и почнале да се расправаат.

Роберт објасни дека Џулис за кратко излегла од станот, ја ставила пушката во автомобилот и се вратила. Го однела син ѝ доле, а кога следниот ден се разбудил, му рекла дека отишла за да заврши некоја работа.

Scroll to Top