(Видео) Малите зелени вонземјани на дневен ред пред Американскиот конгрес: Законодавците ќе расправаат на тема НЛО

Американската известувачка служба, ќе го известува Сенатот во јуни за неидентификуваните летечки објекти, или неидентификуваните воздушни појави, како што ги нарекува американската влада.

Некои од најмоќните американски сенатори, како што е републиканецот Марк Рубио, рече дека јавноста мора сериозно да го свати прашањето на снимените предмети или појави кои не можат да се објаснат. Дури и поранешниот претседател Барак Обама изјавил во интервју минатата недела дека американската влада навистина има снимки од предмети во воздухот кои не можат да се објаснат.

Тоа не значи дека овие НЛО нужно имаат било какви врски со вонземјаните, кои со децении биле дел од недокажани американски политички митологии, но, тоа се појави кои американските власти засега не можат да ги објаснат.

Одделението за идентификација од 2007 година, ќе го претстави пред Конгресот извештајот во јуни, кој го составил шефот на известувачките служби и министерот за одбрана на земјата, докажувајќи ја неговата сериозност.

Тој ќе им покаже на јавноста што Пентагон знае за НЛО, a последните неколку години, како што пишува NBC, се развиле расправи околу одредени слики. Пентагон минатата година во јавноста покажал три такви снимки од воздушни појави кои не можат да се објаснат.

Во август Министерството за одбрана основал работна група за истрага на НЛО, а неколку месеци по објавувањето на трите видео снимки, една од 2004 и две од 2015 година.

„Зрачните феномени прикажани на видео снимката и понатаму се карактеризираат како неидентификувани“, изјавиле од Пентагон, од каде биле објавени три видео снимки со цел да се прекинат сите шпекулации и гласини, иако само ги засили.

Интересно е дека уште во 2007 година, американската влада основала прво одделение под името „Напредна програма за идентификација за опасност од воздух“ и тивко му доделила 22 милиони долари. За ваквото одделение „Њујорк Тајмс“ за првпат известил пред четири години.

Иако поимот НЛО во поп културата се поврзува со вонземјани, всушност станува збор за секакви објекти кои не може да се опишат како познати вселенски летала.

„Загрижен сум. Ако се работи за тактички авиони кои се испратени од други држави, тоа би претставувало огромен проблем за националната безбедност“, изјавил поручникот Рајан Гравес за „Си-Би-Си“. Слично на тоа, сенаторот Рубио изјавил дека ситуацијата треба да се свати сериозно.

„Можеи има едноставен одговор. Можби не“, изјавил Рубио. Барак Обама исто така се приклучи на разговорот минатата недела, каде во интервју за Late Late Show, откри дека ја прашал војската дали постои лабораторија во која се чуваат вонземјански предмети, како што е познато во американската митологија.

„А одговорот беше не. Но, вистината е и сега сум сериозен, дека навистина постојат сникми од објекти на небото за кои не знаеме точно што се. Не знаеме како да објасниме како се движат, не можеме да го разбереме нивното летање“, изјавил Обама.

Оттука јавноста и тоа како е заинтересирана и нестрпливо чека да ја слушне содржината на извештајот. Јавноста е поделена, има такви кои се плашат дека авионите ги има испратено друга држава и се плаши за националната безбедност.

Има и такви кои оставаат простор за шпекулации за вонземјанско потекло.

Scroll to Top