(Видео) Меган ги одглуми солзите на погребот на кралицата, тврдат заговорници

By

Меган Маркл ги одглуми сите солзи на погребот на кралицата Елизабета Втора, тврдат теоретичари на заговор. Објавија и видео од неа старо неколку години во кое војвотката се фали дека може да заплаче кога ќе посака.

dobivaj vesti na viber

„Одлична сум во тоа. Тоа е лудо. Само ќе ми кажат: Ајде Меган, една солза, левото око, почни. Можам да заплачам за три секунди“, вели Меган во видеото.

Заради тоа, многумина заговорници тврдат дека Меган ги одглумила солзите, а во прилог им иде и фактот што на погребот плачела само со левото око.

Уште повеќе се убедени и заради тоа што Меган е позната глумица која се прослави во улогата во серијата Suits и поради нарушените односи со кралското семејство.

Погребот на кралицата е главна тема веќе со денови, па јавноста не престанува да ги следи сите потези на кралското семејство. Оттука и се појавија фотографиите од Меган со нејзините лажни солзи.

Ќе ви се допадне