(Видео) Милијардерот Илон Маск сака да става чипови во човечкиот мозок

By

Компанијата што ја основал Илон Маск, „Неуралинк“, има за цел да ги истражи начините за поврзување на човечкиот мозок со компјутерскиот интерфејс. Сега Маск бара дозвола од американските законодавци да почне тестирање на уредите на луѓе.

Уредот веќе е тестиран на мајмуни, а тестот се покажал успешен, тврди Маск. Од компанијата наведуваат дека сакаат да се насочат на пациентите со сериозни невролошки проблеми. Но, Маск пред сè има идеја за иднината на суперчовечката когниција.

Уредот што компанијата го има направено е создаден од мали сонди кои содржат повеќе од 3.000 електроди закачени на флексибилни обвивки наравени од човечка коса, кои можат да ја надгледуваат активноста на 1.000 неврони.

Предноста на овој систем, како што велат од компанијата, е тоа што може да таргетира многу специфични делови од мозокот, што операцијата ја прави многу безбедна. Исто така, можат да се анализираат и забележат информации, за да се утврди кој тип на стимулации одговара на пациентот.

„Неуралинк“ не објаснува како системот ги пренесува мозочните активности или како уредот може да ги стимулира мозочните ќелии.

„Нема наеднаш да имаме некоја неверојатна неврална мрежа и дека ќе можеме да ги контролираме мозоците на луѓето“, изјавил Маск на презентацијата.

Но, оние кои ќе прифатат да бидат тестирани, ќе им биде овозможено симбиоза за вештачка интелегенција. Маск претходно изјавил дека вештачката интелигенција би можела да ја уништи човековата раса. Дури и преку најблагото сценарио на вештачката интелигенција, човековата раса би била инфериорна.

„Преку мозочниот интерфејс со голем проток можеме да бидеме во тек и да ја имаме опцијата да се соединиме со вештачката интелигенција. Поврзувањето на мозокот со интерфејс би создал нов слој на суперинтелигенција во човечкиот мозок. Нешто што луѓето веќе го имаат со помош на нивните паметни телефони“, вели Маск.

Милијардерот потоа открил дека уредот на кој „Неуралинк“ работи е тестиран на мајмуни и дека животните успеале преку мозокот да го контролираат компјутерот.

Компанијата сега бара дозвола да ги започне тестирањата на луѓе. Дозвола ќе мора да издаде американската Управа за храна и лекови. Маск сака да вработи нови научници во фирмата во која моментално има 100 вработени. Некои научници тврдат дека компанијата „Неуралинк“ ги поместила границите со моменталните лабораториски технологии.

Компанијата објавила научен турд во рамки на најавата, но трудот не е рецензиран, а тоа се смета за неизоставен дел од секое ново научно откритие.

Критика да Силва, експерт во областа на вештачката интелигенција, вработена во НАСА, потсетила на сличен настан и изјавила дека технологијата на „Неуралинк“е интересна затоа што не е така инванзивна како претходните обиди во ова поле.

„Плановите бараат работа на многу технички и етички предизвици, но ваквата технологија би можела да претставува голем чекор при ублажувањето на сериозните здравствени проблеми, како епилепсија или Паркинсовата болест.

Твитер-налогот на научниците од „Кординг лаб“, од одделението за неуронаука на Универзитетот во Пенсилванија, наведува дека не станува збор за ништо револуционерно, туку се работи за многу креативни идеи, што сугерира дека компанијата е на добар пат.

Ендру Хајерс, професор на неуробиологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, на „Твитер“ напишал дека компанијата Neuralink ги поместила границите на моменталната лабораториска технологија.

„’Неуралинк’ не е единствената компанија која работи на невралните мрежи. Kernel, која ја основал Брајан Џонсон, исто така се обидува да ги подобри и прошири границите на човечката когниција.

Ќе ви се допадне

Sword Art Online Alicization War of Underworld (https://animeheaven.pro/m/znb8) Episode 12 at website https://animeheaven.pro animeheaveneu

Watch Sword Art Online: Progressive Movie - Hoshi Naki Yoru no Aria Episode 2 Preview at ANIMEFLIX my hero academia heroes rising animeflix