(Видео) Мистериозен објект снимен над Пентагон

Мистериозен објект бил снимен над Пентагон од страна на Алек Дуде во средата, на 19 декември. Снимката подоцна била споделена на јутјуб-каналот 3rdphaseofmoon, од страна на Блејк и Брет Каузинз.

На видеото се гледа голем црн триаголник кој лета над американското Министерство за одбрана.

„Дали е ова некој вид инвазија? Нешто се случува“, напишале под снимнката голем број коментатори. Видеото е прегледано над 30 000 пати од неговото поставување на интернет на 20 декември.

Многумина велат дека се убедени дека станува збор за мистериозна појава.

„Предната страна на пирамидата е потемна од позадината. Не можете да ја проектирате сенката. Тоа сугерира дека станува збор за објект“, вели еден од коментаторите.

„Изгледа како империјален разорувач од ‘Војна на ѕвездите’“, вели друг.

Во своите коментари под видеото голем број  лица ја искажале ѝ својата загриженост поради отсуството на внимание за овој настан од страна на мејнстрим-медиумите.

„Ова е голема вест, но мејнстрим-медиумите во соработка со властите ќе се обидат да ја сокријат“, вели еден од коментаторите.

Во октомври американски истражители и научници обелоденија во јавноста дека американската војска спроведувала повеќемилионска НЛО-програма, која е реализирана во мистериозната Област 51.

Ова место е познато како американската воена база во Невада, која е формирана во 1955 година. Оваа област е позната по тоа што наводно на истата биле пронајдени делови од паднат вселенски брод во педесеттите години од минатиот век.

Scroll to Top