(Видео) Мистериозен оган на небото ги исплаши Индонезијците

Невиден огнен столб кој се појавил во воздухот, а набргу потоа исчезнал ги исплашил жителите на индонезискиот остров Сулавеси. Објавената снимка од несекојдневниот момент на Јутјуб била прегледана повеќе од 10.000 пати.

Причината за овој бизарен феномен засега не е позната, велат дел од научниците, а теоретичарите на заговор сметаат дека ваквиот момент би можел да биде поврзан со библиските пророштва, но и со антените кои ги има направено човекот со кој може да предизвика промени на временските услови.

„Библијата вели дека во последнo времe можеме да видиме необични знаци на небото. Но, не би не зачудило ако се направени и од човечка рака. Дали сеуште некои луѓе имаат контрола над временските машини?“, се некои од коментарите напишани под видеото.

Научниците велат дека сеизмичкиот шок бил предизвикан претходно од разорно цунами во кое загинале околу 400 луѓе, а 40.000 од жителите останале без дом. Туристите исто така се предупредени од властите да се држат подалеку од вулканот, од кој се создал густ облак од пепел, издигнувајќи се над небото на индонезискиот остров.

Scroll to Top