(Видео) Мистериозна коцка откриена на Антарктикот

Еден неименуван корисник на „Гугл ерт“ успеал да забележи необичен објект на Антарктикот. Објектот многу наликувал на џиновска заграда, направена под ледот. Тој како потврда за неговото тврдење, објавил и визуелен доказ на „Јутјуб“. На снимката може да се види огромен квадратен објект кој се издигнува под ледот.

„Многу е голем и изгледа како зграда. Но, би можело да станува збор и за големо парче лед“, напишал тој.

На неговиот пост, кој собрал преку илјада лајкови, имало различни коментари.

„Можеби е огромен монолит од древната цивилизација? Изгледа како шатор над земјата, а можеби е некакво летало. Дури фрла и сенка“, биле дел од коментарите на социјалните мрежи.

Меѓу нив имало и скептици кои веруваат дека структурата е само блок на лед со необичен облик.

Scroll to Top