(Видео) Мистериозна светлина ги исплаши луѓето пред силниот земјотрес

Камерите за безбедност снимиле силна и голема светлина, неколку секунди пред да се случи силниот земјотрес во кинеската провинција Џингхаи.

На снимката, чија авентичност допрва треба да се потврди, забележан силен блесок кој му претходел на земјотресот.

Многумина на социјалните мрежи велат дека камерата на зградата најверојатно ја снимила експлозијата на трансформаторот кој се наоѓал недалеку од местото на земјотресот.

Затоа што подземниот земјотрес стигнал до зградата со кратко задоцнување, се чини дека блесокот му претходел на потресот, сметаат тие.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер во саботата го погоди населеното подрачје во провинцијата Џингхаи, на северозападот од Кина.

Земјотресот се почувствувал во уште неколку градови. Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, силината на земјотресот изнесувал 6,3 степени според Рихтер.

Според локалните сеизмолози, магнитудата изнесувала 6,9. Во земјотресот биле повредени 9 лица, а 8 се пуштени од болница на домашно лекување, пренесува „Спутник“.

Scroll to Top