(Видео) Мистериозна светлина на небото ги исплаши Украинците, велат не е руски напад, ниту сателит на НАТО

Мистериозна светлина на небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика голем број шпекулации, за некаква си воена инвазија, пад на метеор или можеби вонзејмани пишува „Би-би-си“.

Од Киев се сомневаат дека се работи за сателитот на НАСА за кој претходно беше најавено дека ќе падне на Земјата, но од американската вселенска агенција за „Би-би-си“, рекоа дека тој сè уште е во орбитата.

Воената управа на Киев објави дека забележале непознат објект кој паѓал и се срушил на земјата. Сведоци рекоа дека од страв се сокриле во засолништата. „Видовме силна светлина, но не слушнавме експлозија“, рече украинскиот застсапник Олексиј Гончаренко.

Украинските воздушни сили велат дека најверојатно станува збор за метеор и дека ударот не е последица на руски напад. Мистериозната светлина била забележана околу 22 часот по локално време.

„Ги активиравме сирените за воздушен напад, до кој не дојде“, рече шефот на киевската воена управа Серхи Попко.

Украинците биле убедени дека феноменот е резултат на падот на сателитот на НАСА тежок 300 килограми, но од вселенската агенција рекоа дека нивниот сателит се уште е во орбитата.

„Во времето кога била забележана светлината во Киев, нашиот сателит беше во орбитата“, рече Роб Маргет од канцеларијата за комуникации на „НАСА“.

Scroll to Top