(Видео) Мистериозно место во Мексико каде не работат компасите и не може да се слуша радио

By

Резерватот Мапими на југот на мексиканската држава Чивава, претставува вистинска мистерија за научниците. Ова место е познато како „Зона на тишината“. Името го добило по Агусто де ла Пења, водачот на една експедиција за пронаоѓање на нафта, кој во 1966 година имал проблем во комуникацијата преку радио со своите колеги. Тој бил фрустриран што не можел да ги добие колегите преку радиото и правилно да го истражи целото подрачје затоа што не му работел компасот. На крајот се откажал.

За неистражената мексиканска пустина кружат многу приказни поврзани со метеори, вонземјани и слично. Научниците сметаат дека неможноста да се емитуваат било какви радио сигнали лежи длабоко под земјата. Некои сметаат дека ова место во минатото било мета на голем број метеори. Се верува дека причината за пречките се гоемите залихи на магнетит под земјата, но и од остатоците од ударите на метеорите.

Длабоко во резерватот Мапими, на речиси 400.000 хектари ненаселена рамнина, се јавува некоја планина, вели Бенџамин Паласиос, 60 годишниот сопственик на тематски НЛО ранч, кој се наоѓа во близина на „Зоната на тишината“. Тој признава дека иако живее во близина, никогаш не се осмелил да навлезе подлабоко во неа да ја истражи. Вели ретгко кој се осмелува да влезе во ова место.

Паласиос вели дека за време на 20 век, на ова место паднале големи метеори. Два метеори паднале во близина на неговиот ранч, за краток временски период. Третиот паднал во 1969 година, на неколку километри оддалеченост од неговата куќа.

„Луѓето забележаа светло и слушнаа страшен татнеж. На некои куќи прозорите се скршија. Многу научници почнаа да се интересираат за овој дел на Мексико“, раскажува Паласиос.

Тој раскажал за компанијата „Пемпекс“ која ја испратила експедицијата со која раководел Аугусто. Тие се надевале дека ова место е богато со нафта и дека под песокот на мексиканската пустина, се крие црното „злато“. Оваа зона неколку години била локална приказна, но во летото 1970 година и светските медиуми почнале да пишуваат за ова парче мексиканска пустина. Ракетата „Атена“, која била лансирана од американската воена база, со цел истражување на горните делови на атмосферата, требало да слетале во Невада. Но, наместо во САД, таа слетала рамно во срцето на „Зоната на тишината“. Тогаш Мексико заврши на насловните страни на американските весници. Децении по несреќното слетување на ракетата „Атена“, научниците не можеле да најдат ниту една трага од ракетата и кратер од настанатиот удар.

Низ тамошните жители се прераскажуваат легенди за необични настани, чудни светла и засилени метеорски активности. Најчестите приказни се слушаат од жителите оддалечени само неколку километри од ова место или пак од туристите кои се изгубиле во него.

„Има многу приказни за вонземјани и неидентификувани летечки објекти“, вели Џералдо Ривера, познат светски уфолог. Дури и Паласиос има своја приказна.

„Кога имав 12 години, мистериозна светлина се појави над нас и целосно не опкружи. Тогаш патував со мојот брат и не знаевме што ни се случува. Свативме дека изгубивме два часа откако се вративме на ранчот“, изјавил Паласиос.

Тој вели дека освен мистериозните настани, „Зоната на тишината“ има и лековити својства.

„Нашата ќерка не можеше да има деца. Таа со сопругот се обидоа со разни методи, посетија разни лекари, но ништо не помогна. Добија дете кога го посетија ова место. Две години подоцна, поворно не посетија и повторно добија дете“, вели Паласиос.

Тој вели дека сака на новите туристи да им ги покаже бројните знаменитости кои ги крие ова место. Тој планира да изгради осум бунгалови за туристите, а на секој планира да му даде име од планетите на Сончевиот систем.

Ќе ви се допадне