(Видео) Моќна нарко дилерка во Мексико најдена мртва

By

Една од најозлогласените дилерки во Мексико, Клаудија Очоа Феликс, е пронајдена мртва во Кулијакан, град во мексиканската сојузна држава Синалоа. Клаудија наводно починала од предозирање, но нејзиното семејство и блиски пријатели и фанови се сомневаат дека била убиена. Засега властите не откриваат детали од истрагата.

Клаудија е позната како гламурозна дилерка на злогласниот мексикански нарко-картел Синалоа. Таа била позната како Царина Антракс. За неа се верувало дека била на врвот на кланот Синалоа и дека го води одредот на убијци познат како „Лос Антракс“, кој ги извршува валканите работи за картелот.

Кога бил уапсен лидерот на картелот Хозе Родриго Аречига Гамбоа, познат и како Чино Антракс, во јавноста почнале да кружат приказни дека Клаудија е еден од новите лидери. Таа на почетокот ги негирала ваквите наводи, но на „Инстаграм“ постојатно објавувала свои фотографии со оружје.

Таа станала ѕвезда на социјалните мрежи во 2014 година, кога го отворила својот „Инстаграм“ профил. Се фалела и со својот луксузен начин на живот. На „Инстаграм“ имала 295.000 обожавалтеи.

Ќе ви се допадне