Европската вселенска агенција објави спектакуларна снимка од кратер на Марс, кој би можел да овозможи наслеување на луѓето и да биде извор за вода за човековата колонија, ако таа некогаш се оформи на соседната планета. Кратерот Королјев, кој е исполнет со вода, е снимен од воздух.
Неверојатното видео всушност е мозаик од снимки од површината на овој кратер, направени со стеро камера со висока резолуција, се со цел да биде направен 3Д приказ.
Кратерот се наоѓа на северниот дел на Марс и е исполнет со лед во текот на целата година. Ледот е заштитен од природната замка, која го штити од топење, затоа што е длабок околу два километри.
Кратерот е наречен по Сергеј Павловиќ Корљев, главниот советски ракетен инженер и конструктор на вселенски летала, кој е познат и како татко на руската вселенска технологија.
Благодарение на неговата работа, Советскиот Сојуз во орбитата го испрати првиот сателит во 1957 година и космонаутот Јуриј Гагарин во 1961 година.